Езеро Пластира

Координати: 39°17′50″N 21°45′09″E / 39.29722° СГШ; 21.75250° ИГД / 39.29722; 21.75250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Езеро Пластира
Λίμνη Πλαστήρα  (грчки)
Сателитска слика од март 2023.
Координати39°17′50″N 21°45′09″E / 39.29722° СГШ; 21.75250° ИГД / 39.29722; 21.75250
ВидВештачко езеро
Главни приливиТавропос
Главни истециТавропос
Сливни земјиГрција
Изградено30 октомври 1960 (1960-10-30)
Полнењето почнало1962
Најг. должина12 км
Најг. ширина4 км
Површина&1000000000000002400000024 км2
Најг. длабочина60 м
Зафатнина400 км3
Надм. височина792 м

Езеро Пластира (грчки: Λίμνη Πλαστήρα) нареченo и акумулација Тавропос (грчки: Τεχνητή Λίμνη Ταυρωπού) — вештачко езеро кое се напојува од реката Тавропос (Мегдова), сместено во округот Кардица, во близина на градот Кардица, Грција. Езерото го добило името по грчкиот генерал и политичар Николаос Пластира, кој ја дал идејата за изградба на вештачко езеро во областа.

Првични планови[уреди | уреди извор]

Идејата за изградба на акумулација во областа, наводно, прв ја замислил генералот Николаос Пластира, кој во 1925 година бил во посета на својот роден град во областа. За тоа време целата област била опустошена од голема поплава на реката Тавропос. Тој вршел притисок врз Министерството за земјоделство, кое до 1929 година основало одбор за да ја истражи ситуацијата. Политичарите се спротивставиле на планот во следните години, сè до Втората светска војна.

Создавање на акумулацијата[уреди | уреди извор]

По војната, идејата била оживеана од Пластира кога станал премиер. Тогаш новооснованото Јавно претпријатие за електрична енергија на Грција го усвоила проектот како дел од нивните напори да ја електрифицираат земјата. Во 1953 година се одржала меѓународна лицитација на која победил францускиот Omniun Lyonnais. Изградбата на браната започнала на 14 декември 1955 година. На 30 октомври 1960 година, браната била официјално свечено пуштена во работа.

Езерото денес[уреди | уреди извор]

Денес езерото содржи до 400 милиони кубни метри свежа вода. Се користи за наводнување и како извор на енергија на хидроелектрана,[1] но и како главен извор на вода за градот Кардица. Поради својата надморска височина (едно од највисоките во Европа) и единствениот крајолик, акумулацијата Тавропос е популарно туристичко одморалиште во Грција.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Hydrology and Earth System Sciences, 9, 507–515“ (PDF).

Библиографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]