Синтагмата „еднакви можности” означува дека жените треба да имаат еднакви права на човечки, социјален, економски и културен развој, како и подеднакво право на глас во општествениот и во политичкиот живот. Еднакви можности за жените и за мажите Отсуство на пречки за економско, политичко и социјално учество врз основа на полот. Тоа значи промовирање на начелото за воведување на еднакво учество на жените и на мажите во сите области од јавниот и од приватниот сектор, еднаков статус, еднаков третман во остварувањето на сите права и во развојот на нивните поединечни потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултатите произлезени од тој развој.[1]