Европска музејска академија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Европска музејска академија — непрофитна фондација во Холандија, основана по повод десетгодишнината од смртта на еминентниот музеолог Кенет Хадсон (1916-1999) од страна на група професионалци активни во областа на музеологијата и културата воопшто. Оваа група многу години работела со Кенет Хадсон на шемата и контекстот на Европската награда за музеј на годината, под покровителство на Советот на Европа, како и под покровителство на кралицата Фабиола на Белгија.

Цели[уреди | уреди извор]

Академијата во минатото била училиште посветенo на Атина, божицата на мудроста, надвор од градските ѕидини на античка Атина. Денес Академијата e високообразовниa институција за истражување, со почесно членство. Целите на Европската музејска академија (ЕМА) се да се заштити наследството на Кенет Хадсон и да се шират вредностите и видувањата на неговото музеолошко размислување меѓу новите генерации на музејски професионалци, како и културните професионалци, активни на ниво на Европа.

Фондацијата ЕМА се занимава со развој на истражувањата од областа на музејските иновации, ги стимулира новите идеи и искуства, ги нуди своие услуги како инкубатор за нови таленти и нови програми со цел да се подобри квалитетот на музејските услуги и музејскиот дискурс на ниво на Европа. Академијата не е образовна организација, иако редовно учествува во програми за обука и размена, туку е здружение на музејски професионалци од различно национално и културно потекло.

ЕМА е организација со мисија да собере експерти, да изгради знаење, да ги сподели резултатите од собраните професионални искуства, кои ќе поттикнуваат дијалог во облата на музеологијата во Европа. Со текот на годините, Фондацијата развила посебен ЕМА модел, кој придонесува во повеќето европски земји преку давање на совети за наставната програма и специјализираните програми, обезбедува заеднички јазик и дидактички материјал, помага во организирање на семинари и студиски собири, промовира иновации во содржината и методологијата на наставата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]