ЕГО

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


"ЕГО" е неделен магазин, кој се печати и издава во Битола.

Првиот број на ЕГО излезе на 9 септември 2004 година. Негов прв директор беше Жико Калпакоски, автор на повеќе веб страници и дизајнер на голем број печатени материјали. Првиот главен и одговорен уредник беше Симе Алушевски, долгогодишен новинар и уредник на локалниот Битолски весник, соработник на повеќе македонски магазини ( „ЗБОР“ „ФОРУМ“) и за време на бивша Југославија дописник на повеќе медиуми од ЈУ - просторите. Алушевски е познат како проучувач на масонското движење во Македонија и на Балканот. Одговорен за дизајнот на магазинот беше Зоран Николовски. Денес ЕГО го води Симе Алушевски, како директор и главен уредник.

Во септември 2004 година, без канецаларии и со домашните компјутери на членовите на редакцијата екипата на ЕГО им го понудија првиот број на македонските читатели. После неколку издадени броја ЕГО изнајмува канцеларии во битолскиот пазар.

Редакцијата неколку години работеше во зградата Палата Јустинијан Булевар Први Мај, 148 / 14 Битола.

Мото на магазинот е ЕГО - за егоисти и останати исти

ЕГО www.ego.com.mk - го следи стандардниот принцип на магазинското новинарство „ За секого по нешто“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]