Душко Георгиевски
| Душко Георгиевски | |
|---|---|
| Роден(а) | 16 мај 1972 Свети Николе, СР Македонија, СФРЈ |
| Занимања | Фолк пејач |
| Период на активност | 1994 - сѐ уште |
| Мреж. место | nasatv.com.mk |
Душко Георгиевски (р. 16 мај 1972 во Свети Николе) — македонски фолк пејач и адвокат.
Животопис
[уреди | уреди извор]Душко студирал на Правниот факултет во Скопје. Од 1994 година, тој почнал активно да се занимава со музика, како фолк пејач. Тој често настапува на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Роса, Цветници, Тумба Фест и други. Негова најпозната песна е „Свири ми виолино“. Останати негови песни се: „Со синџири да ме врзат“, „Маре мори Маре“, „Ракија“, „Жими овој крст“.
Во 2015 година, тој настапил на Фолк Фест Валандово, со песната „Свири ми виолино“, каде победил на фестивалот со прва награда од публиката. Во 2023 година, на Охрид Фест, тој ја освоил прва награда од жири со песната „Златна риба Струшка“.
Негова сопруга е Марија Георгиевска која е автор и водител на емисијата „Профит“ која повеќе од 10 години е емитувана на Наша ТВ.