Дубровнички перпер
Дубровничкиот перпер, во романските јазици се среќава и како Рагушки перпер, по историското име на Дубровник, Рагуза, бил сребрена монета, кована и користена во Дубровничката Република во периодот од 1683 година, сè до распадот на републиката во 1808 година.[1]
На лицето бил претставен Свети Власиј, патрон на републиката, држејќи макета од Дубровник и епископски жезол во левата рака, и давајќи благослов со десната. Десно и лево од него стоеле латинските букви S и B, означувајќи го името на светецот на латински — Sanctus Blasius, како и годината кога е кована парата. Околу краевите во кружна форма стоел натписот PROT-RÆIP-RHAGVSINÆ, значејќи „заштитник на Рагуза“. На опачината пак бил насликан ликот на Исус Христос со натпис SALVS TVTA.[2]
Монетите тежеле од 3,98 до 6,42 грама и биле издавани во пречници помеѓу 26 и 29 милиметри. Дубровничкиот перпер бил поделен на рагушки денар и рагушки солдо, така што еден перпер вредел 12 денари односно 72 солди.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Кога етникумот не беше важен на Балканот“. Универзитетот во Мичиган. 5 февруари 2010. стр. 157. Посетено на 8 јануари 2019.
...беше одлучено дека словенскиот ќе се забрани како јазик за дебата во градскиот совет, со парична казна од еден перпер за оние кои нема да го почитуваат тоа.
- ↑ Лице и опачина на рагушки перпер
Оваа статија за пари или валута е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |