Дресер на желки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дресер на желки
Турски: Kaplumbağa Terbiyecisi
Творец Осман Хамди-бег
Година 1906
Димензии 2,215 см × 1,200 см
Место Музеј Пера, Истанбул

Дресер на желки (турски: Kaplumbağa Terbiyecisi) е слика на Осман Хамди-бег, насликана во 1906 и 1907 година (две верзии). Во 2004 година била продадена за 3,5 милиони американски долари и во моментов е прикажана во Музејот Пера во Истанбул[1].

Сликата Дресер на желки од Хамди-бег е сатира која на алегориски начин ги прикажува бавните и неефикасни обиди на Отоманското Царство за општествени реформи[2].

На сликата е прикажан еден постар човек во традиционална отоманска верска носија а во рацете држи кавал со кој се обидува да ги „дресира“ желките за да бидат побрзи.

Историски контекст[уреди | уреди извор]

Хамди-бег ја создал сликата во време на големи социјални и политички превирања во Отоманското Царство. Реформите воведени од султанот Абдулхамид Втори се покажале неефикасни. Отоманското Царство, која сè уште опфаќала делови од Балканскиот Полуостров, делови од Северна Африка, Анадолија и Левант, и голем дел од Арапскиот Полуостров на крајот на XIX век, била под сериозна закана и од растечката моќ и подемот на национализмот под Отоманското Царство ,и од упадите на странските сили што на крајот ќе резултира со поделба на царството во Првата светска војна.

Иако во тоа време не била разбрана и протолкувана, сликата со нејзината симболика, постигнала поголемо значење во следните децении, најавувајќи ја Младотурската револуција од 1908 година[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Tortoise Trainer
  2. Kaplumbağa Terbiyecisi
  3. „Osman Hamdi Bey“. Архивирано од изворникот на 2020-02-24. Посетено на 2020-04-13.