Дрвен мост (Струга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дрвен мост
Мостот во 2022 година
НосиПешаци
ПреминуваЦрн Дрим
Други називиМост на Нина
Особености
Материјалдрво и железо
Вкуп. должинаоколу 40 м
Ширинаоколу 3 м
Историја
ГрадителЈугодрво (1987)
Trim & Lum (2016)
Почнат1987
2016
Завршен1987
2016
Отворен1 јануари 2017[1]
Се срушил2011[2]
Местоположба
Карта

Дрвен мост, познат и како Мост на Нинамост над Црн Дрим, во Струга.

Историја[уреди | уреди извор]

Градежните работи на мостот започнале во 1987 година и биле завршени за само една година. Изградбата била со финансиска помош на тогашната централна власт, а мостот бил граден од стопанското друштво Југодрво.[3]

Во 2011 година, стариот мост поради лошата состојба бил срушен и неколку години не бил изграден нов мост.[2][3]

На 29 ноември 2016 година, почнала изградбата на новиот мост.[4] На 1 јануари 2017 година, бил свечено пуштен во употреба новиот мост, во присуство на градоначалникот и заменикот градоначалник на Општина Струга, Зијадин Села и Мустафа Зебзун, како и дарителот Менди Ќура.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Познатиот „Мост на Нина" во Струга повторно пуштен во употреба“. strugaonline.mk. 1 јануари 2017. Архивирано од изворникот 2022-11-09. Посетено на 9 ноември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Обновата на дрвениот мост во Струга ќе се бара преку европските фондови“. porta3.mk. 28 мај 2014. Архивирано од изворникот 2014-06-03. Посетено на 9 ноември 2022.
  3. 3,0 3,1 „Го урнаа стариот дрвен мост во Струга, а нов не направија“. slobodnaevropa.mk. 4 февруари 2015. Архивирано од изворникот 2022-11-09. Посетено на 9 ноември 2022.
  4. „Почна изведбата на новиот дрвен мост во центарот на Струга“. daily.mk. 29 ноември 2016. Архивирано од изворникот 2022-11-09. Посетено на 9 ноември 2022.