Дон Хуан (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дон Хуан
ПотеклоПрилеп, Македонија
Жанровипоп, рок
Период на активност1990-1993
Поранешни членови
Рубин Кантарџиоски-Кантар
Горан Апостолски
Дејан Стефаноски
Димитар Џагадуроски
Билјана Богоевска

Дон Хуан — македонска дарк-вејв група, формирана во летото 1990 година во Прилеп, активна до 1993 година.[1]. Основата во таа прва постава, а и во наредните, ја сочинувале: Рубин Кантарџиоски- Кантар како вокал и Горан Апостолски на бас-гитара и како композитор. Покрај нив, во групата се приклучувале голем дел од прилепската сцена од тој период, но поставата што била најстандардна и по која групата останала запаметена ги вклучува: Дејан Стефаноски на гитара, Димитар Џагадуроски на тапани и Билјана Богоевска на синтисајзер. Групата била локално ориентирана со само повремени настапи надвор од Прилеп, речиси секогаш на групни свирки во Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако релативно непознати за пошироката јавност, сепак членовите успеале да договорат издавање аудиокасета за издавачката куќа позитивно настроена кон македонската алтернативна сцена од тој период. Касетата под име Toxicomania била објавена во јуни 1992 година. Воениот виор ја зафатил некогашна Југославија, и изданието останало потполно заборавено и изгубено во времето. На почетокот од 1993 година бендот настапил на квалификациската вечер на Поп-рок фест '93, на 15 јануари и на 12 февруари 1993 година, како еден од полуфиналистите на фестивалот. Набргу потоа бендот престанал да постои.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Филиповски, Тошо (2018). Македонска Рок Енциклопедија. Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 113–114. ISBN 978-608-66200-0-4.