Домино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Игра на домино

Домино претставува игра во неколку варијанти што се игра со комплет од рамни правоаголни блокови (домина) со лица поделени на два еднакви дела, кои можат да бидат празни или пополнети со една до шест точки распоредени како броевите во заровите.

Вообичаено еден комплет се состои од 28 блокови. Доминото во Кина, веројатно, датира од 7 век. Ескимите, исто така, долго време се занимавале со играта домино. Не постојат податоци за доминото во Европа сѐ до средината на XVIII век.

Принципот во речиси сите современи игири домино се состои во усогласување на едниот крај од едниот со другиот крај на другиот блок реципрочно идентични со својата бројна вредност. границата во играта може да биде поставена на 50 или 100 бода.

Доминото како мотив во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Домино“ (англиски: Domino) — песна на ирскиот рок-музичар Ван Морисон (Van Morrison).[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]