Добош торта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Добош торта

Добош торта е една од најпознатите торти во светот и најпозната унгарска торта. Се прави од 6-8 тенки кори, филувани со чоколаден крем со глазура од карамел.[1] Иако со својата форма може да потсети на добош, односно тапан, називот не е даден по инструментот, туку по својот творец Јожеф Ц. Добош, познат унгарски слаткар.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Јожеф Ц. Добош бил сопственик на најпозантата сласткарница во Будимпешта. Освен квалитетни слатки, колачи и торти, продавал и фини сирења и вина. Зад себе оставил повеќе книги и неколку технички изуми за помош во кујна, но благодарение на тортата станал славен.[3]

Тортата ја претставил на Националната изложба во Будимпешта во 1885 година. Меѓу први ја пробале австроунгарската крлица Елизабета и нејзиниот сопруг Франц Јозеф.[4]

Целосно поинаква од традиционалните торти брзо ги освоила срцата на луѓето и станала позната во Европа, а после тоа и во целиот свет. Помеѓу воодушевените, но и завидливи слаткари, биле создадени дури 120 рецепти, од кои ниту еден не се приближил на изворниот рецепт. Добош долго ја чувал тајната на својот рецепт, но како пензионер во 1906 година, го подарил оригиналниот рецепт на Здружението на слаткари на Будимпешта.[1]

Подготовка[уреди | уреди извор]

Добош торта е креирана долго да остане свежа, вкусна и погодна за транспорт во тогашни услови без разладни уреди. Една од специфичностите на добош тортата се тенките кори. Тие треба да сепечат на подмачкан и набрашета хартија за печење, а хартијата треба да се стави на задната страна на калапот за торта. За секоја кора потребно е околу три лажици тесто. Филот е прв прав чоколаден фил во историјата на сласткарството, и се прави од чоколада, путер и јајца. Глазурата од пржен шеќер не се прелива директно по тортата, туку на хартија и се засекува на парчиња за подоцна тортата полесно да се сече, па , кога ќе се олади глазурата, се става на тортата. По таа прочуена глазура добош тортата и се разликува од било која друга торта.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „7 torti i 7 uzbudljivih priča“. zene.blic.rs. конс. 27. 9. 2018. 
  2. „Kako su najpoznatije torte dobile ime“. Bašta Balkana. конс. 27. 9. 2018. 
  3. 3,0 3,1 „Doboš torta: Prva torta punjena pravim čokoladnim filom u istoriji poslastičarstva!“. zena.blic.rs. конс. 27. 9. 2018. 
  4. „Doboš torta sa domaćim korama“. stil.kurir.rs. конс. 27. 9. 2018. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]