Прејди на содржината

Жаришна длабочина (тектоника)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во сеизмологијата, жаришна длабочина или фокусна длабочина се однесува на длабочината на која се јавува земјотрес. Земјотреси се случуваат на длабочина помала од 70 км се класифицирани како земјотреси со плиток фокус, додека оние со фокусна длабочина помеѓу 70 км и 30 км обично се нарекуваат земјотреси со среден фокус или средна длабочина.[1] Во зоните на подвлекување, каде постарата и постудена океанска кора тоне под друга тектонска плоча, може да се појават земјотреси со длабок фокус на многу поголеми длабочини во наметката, кои се движат од 300 км до 700 км.[2][3]

Причината за земјотресите со длабок фокус сè уште не е целосно разбрана, бидејќи подвлечената литосфера при тој режим на притисок и температура не треба да покажува кршливо однесување. Можен механизам за генерирање на земјотреси со длабок фокус е дефект предизвикан од оливин кој претрпува фазна транзиција во структура на шпинел[4] со која се верува дека се поврзани. Земјотресите на оваа жаришна длабочина обично се јавуваат на океанско-континенталните конвергентни граници, долж Вадатиово-Бениофовите зони.[5]

Откривање

[уреди | уреди извор]

Доказите за земјотреси со длабок фокус биле откриени во 1922 година од страна на Х.Х. Тарнер од Оксфорд, Англија. Претходно, се сметало дека сите земјотреси имаат мала жаришна длабочина. Постоењето на земјотреси со длабок фокус било потврдено во 1931 година од студии за сеизмограми на неколку земјотреси, што пак довело до изградба на патувачко-временски кривини за средни и длабоки земјотреси.[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Spence, William, Stuart A. Sipkin, and George L. Choy (1989). "Measuring the Size of an Earthquake." Архивирано на 17 декември 2017 г. Earthquake Information Bulletin (USGS). 21 (1), 58–63.
  2. „M7.5 Northern Peru Earthquake of 26 September 2005“ (PDF). National Earthquake Information Center. 17 октомври 2005. Посетено на 28 февруари 2021.
  3. USGS. „M7.5 Northern Peru Earthquake of 26 September 2005“ (PDF). Посетено на 28 февруари 2021.
  4. Greene II, H. W.; Burnley, P. C. (26 октомври 1989). „A new self-organizing mechanism for deep-focus earthquakes“. Nature. 341 (6244): 733–737. Bibcode:1989Natur.341..733G. doi:10.1038/341733a0.
  5. Marius Vassiliou, Bradford Hager, and Arthur Raefsky (1984): "The Distribution of Earthquakes with Depth and Stresses in Subducting Slabs", Journal of Geodynamics 1, 11–28.
  6. Spence, William, Stuart A. Sipkin, and George L. Choy (1989).  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од Геолошки топографски институт на САД (USGS). (англиски) Earthquake Information Bulletin (USGS). 21 (1), 58–63.