Диџеј Хитмен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Позади псевдонимот Диџеј Хитмен или сегашен Диџеј (AK47) се крие кочанчанецот Тоше Иванов.

Биографија[уреди | уреди извор]

Во 1989 година е избран за „Најдобар диџеј на Европа“ од страна на „DMC“ (светска дискџокејска организација).

Во почетокот на 90-тите години од 20-от век, работи како музички водител на Македонската Телевизија и во скопската радио станица „Мега ФМ“. И понатака продолжува да биде диџеј, за да во 2000-та година на натпревар на диск џокеи во Лас Вегас (Невада, САД) ја добие титулата „Милениумски Диџеј Шампион“.

Благодарение на успесите кои го следат во текот на целата кариера, диџеј Хитмен сега познат како диџеј АК47 постојано е на турнеја низ светот.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „DJ AK47 - Biography“. web.archive.org. 2010-10-30. Архивирано од изворникот на 2010-10-30. Посетено на 2021-07-05.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Hope (2016-06-18). „Диџеј: Најпознати диџеи во Македонија“. Диџеј. Посетено на 2021-07-05.