Разговор:Диџеј Хитмен

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

АААААУУУУУУУУУУУ

дајте бре луѓе, не се заебавајте со вакви работи. Па овој кутриов не мрднал подалеку од Битола и родното му Кочани,... каква Европа

Кој е типов, всушност? Знае ли некој? Мислам, ако е толку познат диџеј, зошто првпат слушам за него? --FlavrSavr 12:43, 25 Јануари 2006 (UTC)

Ја првпут слушнав на Багра за него. Имаше некоја журка со Сандра Колинс, некој го испофали ептен (можда сам себе), другиве го испљуваа :) Побарај некаде у историја...
Незнам што да правиме со ваквите статии. И Бабура, Букаро, Хитмен, дали вредат да стојат во енциклопедија? Уствари кога ќе размислам, ионака на англиската верзија има статии за дџ-и (ок, далеку попознати, али пак), може треба да ги оставиме!? --Misos 15:12, 25 Јануари 2006 (UTC)

Диџеј Хитмен засекогаш во нашите срца :)[уреди извор]

Слушајте сега ваму дечки/девојки. Јас лично ја имам напишано статијата за диџеј Хитмен. Ја напишав и таа за Мирко Попов, и таа за Бабура, ќе напишам и други.

Тоа што не сте слушнале за Хитмен автоматски не значи и дека човекот не постои, не работи. Информациите за Хитмен се 100% точни. Човекот потекнува од Кочани, потоа работи во МТВ,... и другото го имате во статијата. Па распрашајте се малку наоколу, а не веднаш ќе ја бришете статијата. Му верувате на некоја си „Ај Пи“ личност, а не на некој од Вашата заедница, тој што ја „изделкал“ статијата. Знаете, диџејството во Македонија не постои од пред година-две, пет-шест. Ехе, има за тоа многу да се пишува. Епа, Хитмен Ви е активен од таму некаде крајот на 80-тите, па до денес.

Тоа што сте читале по Багра е рекла-казала фазон. Впрочем во Македонија ретко кој ќе поддржи некого особено ако е успешен. За плукање сме први. Препознавам ли тука страв на новопечените диџеи од Хитмен? Абе, човекот има големо искуство позади себе. Има доста титули кои се реални. И самиот сум диџеј, но сепак не фрлам по Хитмен со дрва и камења. Ја следам неговата работа и ја почитувам. Ако бидете присутни на некоја негова забава ќе видите што е вистинска забава. Ако сакав да „фејкирам“ и величам некого би се презентирал себе си во секцијата за диџеи. Сепак мислам дека треба уште да папам за да ги стигнам. За оние за кои што досега имам напишано статија заслужуваат да бидат дел од Македонската Википедија.

FlavrSavr ме познава од времето кога влегов на Македонскава Википедија, кога расправавме со Грците околу името Македонија, околу Македонците на Англиската Википедија. Зар мислиш дека туку така ќе пишувам бербат статии? Па знам веројатно каков тип на „медиум“ е Википедија.

За Misos... А, зошто да нема статии за диџеи? Само за писатели, сликари, научници,... ќе пишуваме/читаме!? Не гледај што има на Англиската Википедија, гледај тука, ова е Македонска Википедија. Англиската може да ти користи само како пример, но никако да се ограничуваш на неа. Демек имало некои си диџеи таму на нивната Википедија, ама тие да ти биле попопуларни. Голема работа. Па ќе бидат попопуларни ако само за Тиесто и компанија се пишува, зборува,... Дајте да дигнеме некој наш диџеј (поради заслуги/квалитет секако) па да видиме кој ќе биде популарен. Дали тогаш ќе правиме проблеми што нашинецот е во Мак Википедијата? Пишувајте тука и гледајте напред. Ако само се сопкаме, тешко на нас.

Ме радува кога некој од „мојата“ статија ќе научи нешто за што претходно незнаел (на пр.: случајот со диџеј Хитмен), малку наслушнал или пак му требала дополнителна информација. После ваквите размислувања за бришење на статијата искрено ме ставате во дилема дали и понатака да давам свој придонес кон нашава Википедија. Ви се „простува“ половина барем затоа што прашавте (на дискусиониот дел од статијата, иако најдобро е да се контактира авторот на истата). Правете што сакате со статијата, одам јас да ја сочувам страницата за Хитмен лично за мене. Којзнае што носи новиот ден.

Поздрав! --DeeJay 04:35, 27 Јануари 2006 (UTC)