Дисфикс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Афикси
претставка
наставка
циркумфикс
дуплификс
инфикс
меѓуфикс
трансфикс
симулфикс
супрафикс
дисфикс

Дисфикс е еден вид морфема која се манифестира со отстранување на делови од коренот на зборот. Најчесто отстранетиот дел е на крајот на коренот на зборот, но може и други делови да бидат одземени. Дисфиксот може да се семта како еден вид антиафикс. За илустрација е земен еден пример од мурлејскиот јазик, каде последната согласка може да се отстрани за да се добие множина:[1]

/oɳiːt/ 'rib' ↔ /oɳiː/ 'ribs'.

Продуктивната дисфиксија е ретка кај јазиците, но е важна кај мускогиските јазици во САД. Маргинални се примерите за дисфиксија во францускиот јазик.[2]

Мускогиски јазици[уреди]

Во мускогиските јазици, дисфиксите се користат за да се добие глаголски број.[3] Во јазикот алабама, има две основни форми:

  • кај повеќето глаголи, последните два сегмента се изоставени од коренот.[3] For example:
balaaka 'лежи' (3 л.), balka 'лежи' (други лица)
batatli 'удирА', batli 'удира постојано'
cokkalika 'влегува', cokkaka 'влегува'[3]
  • кај некои глаголи последната согласка се изостава, но претходната самогласка се издолжува:
salatli "лизга", salaali 'лизга постојано'
noktiłifka "дави", noktiłiika 'дави постојано'[3]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Payne, Thomas (2006). Exploring language structure : a student's guide. Cambridge, UK New York: Cambridge University Press. стр. 44, 45. ISBN 0-521-67150-7. 
  2. Hardy & Montler, 1988, "Alabama H-infix and Disfixation", in Haas, ed., In Honor of Mary Haas: From the Haas Festival Conference On Native American Linguistics, p 399
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Hardy & Montler 1988:391-2

Литература[уреди]

  • Bloomfield, Leonard. 1933. Language. New York, NY: Holt [British edition 1935]: London: Allen and Unwin.
  • George Aaron Broadwell. "Subtractive Morphology in Southern Muskogean", International Journal of American Linguistics, Vol. 59, No. 4, Muskogean Languages of the Southeast (Oct., 1993), pp. 416-429
  • Heather Hardy and Timothy Montler, 1988. "Alabama H-infix and Disfixation", in William Shipley, ed., In Honor of Mary Haas: From the Haas Festival Conference on Native American Linguistics. Mouton de Gruyter. ISBN 3-11-011165-9
  • Stela Manova. Subtraction. Understanding Morphological Rules: Studies in Morphology Volume 1, 2011, pp 125-172