Диомедови кобили

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мозаик на Херакле и Диомедовите кобили

Диомедови кобили во старогрчката митологија биле исклучително убави и силни животни. Биле врзани со железни синџири во шталите, бидејќи нив никакви окови не можеле да ги задржат. Нив кралот Диомед ги хранел со човечко месо - најчесто со месо од странци, кои бегајќи од невреме доаѓале во неговиот град.

Осмиот подвиг на Херакле од него барал да ги украде тие кобили. По борбата со Диомед, каде кралот го изгубил живот, Херакле коњите ги одвел на Евристеј, кој наредил да бидат пуштени на слобода. Дивите кобили побегнале во Ликејонските Планини, каде ги растргнале дивите ѕверови.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Н. А. Кун, Легенде и митови старе Грчке, Дечја књига 1990, Београд.