Дигитален номад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дигитални номади — луѓе кои користат телекомуникациски технологии за да заработат за живот и да живеат номадски живот.[1] Таквите луѓе работат од странски земји, кафулиња, библиотеки, па дури и возила за рекреација.[2]

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Дигиталните номади користат безжичен интернет, паметни телефони, интернет-телефонија и апликации на облак за да работат од далечина каде и да живеат или патуваат.[3][4]

Дигиталните номади патуваат, но продолжуваат да работат со клиентите или работодавците.[5] Овој вид на живот носи многу проблеми како што се одржување на меѓународно здравствено осигурување на глобално ниво, почитување на различни локални закони, добивање работна виза и одржување врски со пријателите и семејството.[6] Други проблеми кои се јавуваат во овој вид на живот се разликите во временските зони, тешкотиите во наоѓањето сигурен семрежен извор, како и немањето на боледувања и подолги одмори бидејќи дигиталните номади немаат постојан и сигурен извор на приход.[7]

Сепак, дигиталниот номадски начин на живот станува сè попопуларен[8] и Меѓународната конференција за дигитални номади (DNX GLOBAL [9] ) се одржала во Берлин во 2015 година.[10] Исто така, постојат сајтови кои обезбедуваат информации за дигиталните номади за трошоците за живот во различни делови на светот и други информации за да им биде полесно да изберат локација на која ќе се преселат.[11][12][13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mohn, Tanya. „How To Succeed At Becoming A Digital Nomad“.
  2. „Digital Nomad Definition“. Посетено на 24. 08. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. Tsugio Makimoto & David Manners (1. 01. 1997), Digital nomad, Wiley Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Mike Elgan (1. 08. 2009), Is Digital Nomad Living Going Mainstream?, Computerworld Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Lamarque, Hannah. „The Rise of the Digital Nomad“. Huffington Post. Посетено на 7. 08. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. Meggan Snedden (30 August 2013), When work is a nonstop vacation, BBC.com - Capital
  7. „Digital nomads travel the world while you rot in your office“. Mashable. Посетено на 7. 08. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. Anna Hart (17 May 2015), Living and working in paradise: the rise of the 'digital nomad', The Telegraph
  9. „Digital Nomad Conference“. DNX.
  10. "Marcus & Feli: Work Hard and Travel the World," The Surf Office, January 5, 2015“. Архивирано од изворникот на 30. 04. 2016. Посетено на 10. 02. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  11. Steven Melendez (23 March 2015), Work From Anywhere But Home: Startups Emerge to Turn You Into a Globetrotting Digital Nomad, Fast Company
  12. Rosie Spinks (16 June 2015), Meet the 'digital nomads' who travel the world in search of fast Wi-Fi, The Guardian
  13. Kavi Guppta (25 February 2015), Digital Nomads Are Redefining What It Means To Be Productive, Forbes