Прејди на содржината

Диверзанти (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Диверзанти“ — југословенски филм од 1967 година, во режија на Хајрудин Крвавац. Главните улоги ги играат: Раде Марковиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Јован Јаниќијевиќ Бурдуш и Љубиша Самарџиќ.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Партизаните успешно чуваат една клисура, но германските авиони им претставуваат голема закана. Затоа, комунистите испраќаат осуммина во тешка мисија — да направат диверзија врз германскиот аеродром, но првичните планови драстично се менуваат...