Дива шимширка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дива шимширка
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Tracheophytes
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Monocots
Ред: Asparagales
Семејство: Asparagaceae
Подсемејство: Nolinoideae
Род: Ruscus
Вид:
R. aculeatus
Биномен назив
Ruscus aculeatus

Синоними
  • Oxymyrsine pungens Bubani
  • Ruscus flexuosus Mill.
  • Ruscus laxus Sm.
  • Ruscus parasiticus Gueldenst.
  • Ruscus ponticus Woronow
Дива шимшила „Џон Редмонд"

Ruscus aculeatus, позната како дива шимширка, е ниска зимзелена евроазиска дводомна грмушка, со рамни ластари познати како кладоди кои даваат изглед на крути лисја. Во пролет се појавуваат мали зеленикави цветови, и се носат поединечно во центарот на кладодите. Женските цветови се придружени со црвена бобинка, а семките се разнесуваат со птици, но растението може да се шири и вегетативно со помош на ризоми. Потекнува од Евроазија и некои северни делови на Африка.[1] Дивата шимширка се јавува во шуми и околу живи огради, каде што толерира длабока сенка. Таа исто така се појавува и на крајбрежните карпи. Веројатно поради својата привлечна зимска и пролетна боја, дивата шимширка може да се забележи во многу пејзажи.[1] Исто така е широко засадена во градините и се проширува во многу области надвор од нејзиниот роден опсег. Растението расте најдобро во зоните од 7 до 9 на картата на зона на цврстина на USDA.[1]

Латинскиот специфичен епитет aculeatus значи „бодлив“.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Во Европа, видовите Руску традиционално се собирале за нивните рамни и крути гранки за да се направат мали метли кои се користеле за расчистување и чистење на места за касапување.[3] Неодамнешните истражувања открија дека дивата шимширка содржи некои антибактериски соединенија.[3] Ова сугерира дека покрај функционалните физички својства на видот Рускус, до неговата популарност стигнал и со зголемената ефикасност во производството на побезбедни производи, бидејќи имал непознати антибактериски масла.

Традиционална медицинска употреба[уреди | уреди извор]

Ruscus aculeatus rhizoma се користи во традиционалната медицина

Дивата шимширка ја користеле различни народи како третман за повеќе болести. Класичен лек од Европа се ризомите на дивата шимширка, кои може да се користат како диуретик.[3] Во античка Грција, дивата шимширка се користела како лаксатив или диуретик, а се верувало и дека отстранува камен на бубрези кога се додава во вино.[4] Дивата шимширка исто така се користела за намалување на оток и за побрзо закрепнување на скршеници.[5]

Опис[уреди | уреди извор]

Расте до должина од 80 цм крути гранки кои носат кладоди (стебла изменети да личат на лисја) и вистински лисја помали од 5 мм. Цветовите растат од пазувите на листовите на адаксијалната страна на кладодите. 6-те тепали се бледо зелени, а јајниците и прашниците се виолетови. Овошјето е големо околу 1 цм и е црвено, дебело и круто.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Во Велика Британија е распространета од јужна Англија до северен Велс.[6] Во сесевероисточна Ирска е исклучително ретко да расте во дивина, но може да се најде во окрузите Даун и Антрим.[7]

Фитохемикалии[уреди | уреди извор]

Цвеќиња на растението

Главните фитохемикалии во дивата шимширка се стероидните сапонини.[8] Сапонините природно се појавуваат во растенијата како гликозиди и имаат својства за формирање пена.[9] Специфичните сапонини кои се наоѓаат во дивата шимширка се рускогенини, рускогени и неорускогенин, именувани по родот Руску.[3] Рускогенините функционираат против воспаленија[10] и исто така се верува дека предизвикуваат стегање во вените.[11] Моментално начинот на делување на рускогенините не е доволно познат, но еден предложен механизам сугерира дека рускогенините ја потиснуваат миграцијата на леукоцитите преку регулацијата на протеините и мРНК.[10] Неорускогенинот е идентификуван како моќен и високо афинитетен агонист на нуклеарниот рецептор RORα (NR1F1).[12]

Поновите истражувања исто така откриле дека има полифеноли во дивата шимширка кои може да бидат и физиолошки активни, можеби како антиоксиданс.[13][14] Засега нема доволно докази за да се донесе заклучок, но бидејќи сега се синтетизирани во лаборатории треба да бидат во тек понатамошни истражувања.

Сорти[уреди | уреди извор]

Сортата „Џон Редмонд“.

Џуџестата сорта „Џон Редмонд“, расте до 50цм во висина и 100цм во ширина, ја има добиено наградата за заслуги на градината на Кралското хортикултурно друштво .[15][16]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ruscus aculeatus - Plant Finder“. www.missouribotanicalgarden.org (англиски). Посетено на 2018-11-28.
  2. Harrison, Lorraine (2012). RHS Latin for Gardeners. United Kingdom: Mitchell Beazley. ISBN 978-1845337315.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „HerbalGram: Butcher's Broom“. cms.herbalgram.org. Посетено на 2018-11-28. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:1“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:1“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Abascal, Kathy; Yarnell, Eric (June 2002). „Butcher's Broom: Herb's Potentials Too-Often Swept Under the Rug“. Alternative and Complementary Therapies. 8 (3): 177–185. doi:10.1089/107628002760091038. ISSN 1076-2809.
  5. „Butcher's Broom Effectiveness, Safety, and Drug Interactions on RxList“. RxList (англиски). Посетено на 2018-11-28.
  6. Clapham,A.R., Tutin, T.G. and Warburg, E.F. 1968.
  7. Hackney, P. (ed)Stewart & Corry's Flora of the North-east of Ireland.
  8. Jakobsson, Hugo; Farmaki, Katerina; Sakinis, Augustinas; Ehn, Olof; Johannsson, Gudmundur; Ragnarsson, Oskar (2018-05-15). „Adrenal venous sampling: the learning curve of a single interventionalist with 282 consecutive procedures“. Diagnostic and Interventional Radiology. 24 (2): 89–93. doi:10.5152/dir.2018.17397. ISSN 1305-3612. PMC 5873508. PMID 29467114.
  9. Sahu, N. P.; Banerjee, S.; Mondal, N. B.; Mandal, D. (2008), „Steroidal Saponins“, Fortschritte der Chemie organischer Naturstoffe / Progress in the Chemistry of Organic Natural Products (англиски), Springer Vienna, 89: 45–141, Bibcode:2008fcon.book...45S, doi:10.1007/978-3-211-74019-4_2, ISBN 9783211740187, PMID 18958994
  10. 10,0 10,1 Huang, Ya-Lin; Kou, Jun-Ping; Ma, Li; Song, Jia-Xi; Yu, Bo-Yang (October 2008). „Possible mechanism of the anti-inflammatory activity of ruscogenin: role of intercellular adhesion molecule-1 and nuclear factor-kappaB“. Journal of Pharmacological Sciences. 108 (2): 198–205. doi:10.1254/jphs.08083fp. ISSN 1347-8613. PMID 18946195.
  11. Bouskela, Eliete; Cyrino, Fatima Z. G. A.; Marcelon, Gilbert (August 1993). „Effects of Ruscus Extract on the Internal Diameter of Arterioles and Venules of the Hamster Cheek Pouch Microcirculation“. Journal of Cardiovascular Pharmacology. 22 (2): 221–224. doi:10.1097/00005344-199308000-00008. ISSN 0160-2446. PMID 7692161.
  12. Helleboid S, Haug C, Lamottke K, et al.
  13. Herrmann, Josef M.; Untergehrer, Monika; Jürgenliemk, Guido; Heilmann, Jörg; König, Burkhard (2014-04-08). „Synthesis of Phenyl-1-benzoxepinols Isolated from Butcher's Broom and Analogous Benzoxepines“. European Journal of Organic Chemistry (англиски). 2014 (15): 3170–3181. doi:10.1002/ejoc.201400004. ISSN 1434-193X.
  14. Barbič, Matej; Schmidt, Thomas J.; Jürgenliemk, Guido (June 2012). „Novel Phenyl-1-benzoxepinols from Butcher's Broom (Rusci rhizoma)“. Chemistry & Biodiversity (англиски). 9 (6): 1077–1083. doi:10.1002/cbdv.201100158. ISSN 1612-1872. PMID 22700226.
  15. „RHS Plantfinder - Ruscus aculeatus 'John Redmond'. Посетено на 11 October 2018.
  16. „AGM Plants - Ornamental“ (PDF). Royal Horticultural Society. July 2017. стр. 93. Посетено на 11 October 2018.