Девојката од Џерси

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Девојката од Џерси“ (англиски: Jersey Girl) е американски филм од 2004 година, во режија на Кевин Смит. Главните улоги ги толкуваат: Бен Афлек, Лив Тајлер, Џенифер Лопес, Вил Смит итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Оли (го игра Афлек) е моќен продуцент, со прекрасна жена и преубав стан на Менхетен. Но, кога жена му ќе умре при породувањето, тој ќе ја остави кариерата и ќе се откаже од луксузниот живот на Менхетен за да се посвети на одгледувањето на својата седумгодишна ќерка Герти.[1] [2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Девојката од Џерси“, Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 18.
  2. „Девојката од Џерси“, Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 19.
  3. „Девојката од Џерси“, Антена, број 870, 25.2.2015, стр. 25.