Дајана Сојер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лила Дајана Сојер (родена на (22 декември 1945 година) работи како водителка на ABS News, програма којашто е дел од вестите на каналот ABS. Претходно, Сојер работела како водителка на утринската програма на ABS News наречена Добро утро Америка.

Млади години и образование[уреди | уреди извор]

Родена во Глазгов, Кентаки, Дајана Сојер е ќерка на Жан В.Сојер, учителка во основно училиште и судијата Ербон Пауерс ‘‘Том‘‘ Сојер. Наскоро по нејзиното раѓање, нејзината фамилија се преселила во Луисвил, Кентаки, каде нејзиниот татко прераснал во угледен политички и лидер на заедницата на Републиканците на локално ниво. Тој бил судија во судот во Јеферсон , Кентаки, во периодот кога загинал во сообраќајна несреќа на патот 64 во 1969 година. Во негова чест е државниот парк Е.П.‘‘Том‘‘ Сојер, којшто е лоциран на ридот Фрејс во областа на Луисвил.

Сојер учела во средното училиште Сенека во областа Буечел, Луисвита. Во 1963 година ја добила награда и стипендија како претставник на Сојузната држава Кентаки во Мис Јуниор на Америка.

Во периодот од 1962-1965 година, Сојер, како учесник во Мис Јуниор на Америка, го промовирала караванот на Кока - колана турнеја низ Америка и имала настап на светската промоција во Њујорк во 1964-1965 година.

Во 1967 година, дипломирала англиски јазик на колеџот Велесли во Велесли,Масачусетс. Таа била член на „Blue Notes“ на колеџот Велесли, А Капела група и Пи сигма организација за настава. Пред да премине во новинарството, била запишана една година на Правниот факултет на Универзитетот во Луисвил.

Кариера[уреди | уреди извор]

Сојер ја почнала професионалната политичка кариера во Републиканската партија. Во 1970 година, била вработена во управата на Американскиот претседател Ричард Никсон, од страна на Рон Зиглер, кој бил портпарол на Белата Куќа. Сојер продолжила да работи во претседателската администрација и покрај оставката на Никсон, како дел од транзицискиот тим на Претседателот Форд, но во 1975 година повторно му се приклучила на Никсон во Калифорнија, каде му помогнала да ги напише своите мемоари, објавени во 1978 година. Во 1977 година, таа му помогнала на Никсон во подготовките за неговата позната серија на телевизиски интервјуа водени од страна на Дејвид Фрост.

Неколку години подоцна, Сојер е осомничена како лицето наречено Длабокото Грло, кое било изворот на доверливите информации што ги добивал новинарот Боб Вудвард за време на скандалот Вотергејт. Во 2005 година, како Длабоко грло беше идентификуван Марк Фелт В., но пред тоа, Раби Барух Koрф, долгогодишен доверител и бранител на Никсон познат како „рабинот на Никсон“, рече на својата смртна постела дека тој верувал дека Сојер е Длабокото Грло. Сојер само се насмеала и таа беше еден од шесте личности кои побарале и добиле јавно негирање од Вудворд.

Во 1978 година, Сојер се приклучи на CBS News како политички дописник и стана ко-водител, со Бил Куртис, на утринските вести на CBS во 1981 година. Во 1984 година, таа стана дописник за 60 минути, на истражната телевизија на CBS наречена „ newsmagazine“, каде што остана пет години.

Во 1989 година, таа се пресели во ABC News за да ги води Primetime Live, заедно со Сем Доналдсон. Од 1998 до 2000 година, била ко-водителка на емисијата 20/20 на ABC, во среда со Доналдсон и во недела со Барбара Волтерс.


Во 1999 година, Сојер се вратила во утринските вести (GMA), во рамките на профитабилниот договор за ко-водителка на GMA со Чарлс Гибсон. Назначувањето било привремено, но нејзиниот успех бил спореден со конкурентот и фаворит. Утринската програма на NBC News, ја одржа на таа работа многу подолго од очекуваното.

На 2 септември 2009 година, беше најавена како наследник на Гибсон, кој се пензионираше како водител на ABS News, во петок, на 18 Декември, 2009 година. Таа си заминала од GMA на 11 декември 2009 година и требало да стане на водителка на ABS News во јануари 2010 година. Сепак, на 1 декември 2009 година, Њујорк тајмс објави дека наместо да започне во јануари 2010 година да работи во ABS News, Сојер ќе започне на 21 декември 2009 година, три дена по заминувањето на Гибсон. Заедно со Кејти Курик од CBS News , тие беа двете, од трите жени водителки. Оценките ѝ скокнаа 8% за 60 дена, по четири недели од нејзиното прво појавување, во просек имала 8,8 милиони гледачи. Таа се одјавувала со зборовите „Ќе се видиме повторно тука утре вечер“. Шоуто, како и неговите конкурентни вечерни програми ,ја завршило годината со 14% подолу од претходната година.

Хронологија на кариерата[уреди | уреди извор]

• 1967-1970 година: ТВ-Водителка на вести и временска прогноза

• 1970-1974 година: Новинарски помошник во Белата куќа

• 1974-1978 година: Помошник по книжевност на поранешниот американски Претседател Ричард Никсон

• 1981-1984 година: водителка на утринските вести на ABS

• 1984-1989 година: дописник во телевизиското списание за вести „60 минути“

• 1989-1998 година и од 2000 година: ко-водителка на Primetime Livе

• 1998-2000 година: ко-водителка на емисијата 20/20

• од јануари 1999 година - 11 декември 2009 година: ко-водителка на утринската програма Добро утро Америка (потоа била водителка на вестите од светот на ABS, откога Чарлс Гибсон ја напуштил оваа работа)

• од 21 декември 2009 година – до денес: водителка на ABS News

• Неодамна отпатува за Хаити за репортажа на последиците од катастрофалниот земјотрес

Признанија[уреди | уреди извор]

Во 2001 година беше именувана за една од триесетте најмоќни жени во Америка, од страна на списанието Ladies’home. Во 2007 година ја рангираа на 62-то место на „Листата на списанието Forbes за 100 најмоќни жени во светот“. Има добиено повеќе награди, вклучувајќи ја и наградата Peabody за својата работа на Скриена Америка: Деца на планините (A Hidden America: Children of the Mountains).

Значајни интервјуа (избрани)[уреди | уреди извор]

Сојер има интервјуирано многу политички личности, меѓу кои и американските Претседатели Џорџ Буш и Барак Обама. Таа го има спроведено првото интервју со претседателот на САД, Бил Клинтон и првата дама, Хилари Клинтон, по неговиот прв избор за Претседател во 1992 година. На 12 февруари 2007 година, таа го интервјуирала иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџад. Нејзиното интервју со ирачкиот претседател Садам Хусеин беше првото интревју коешто Хусеин го дал за една телевизија од западот во период од 10 години. Таа, исто така, ги има интервјуирано: • Фидел Кастро, Претседател на Куба • Роберт Макнамара, Министер за одбрана на САД • Мануел Нориега, главен и воен диктатор на Панама од 1983-1989 година • Ненси Пелоси, првата жена-претседател на Претставничкиот дом во САД • Ричард Никсон, Претседател на САД • Ненси Реган, првата дама на САД • Химан Г. Риковер, Адмирал на САД • Антонин Скалија, помошник во Врховниот суд на САД

Таа имаше дозвола за посебна турнеја на Северна Кореја.

Од светот на забавата, особено како домаќинка за време на шоуто GMA, Сојер ги има интервјуирано:

• Клеј Аикен, пејач (интервјуиран двапати)

• Боби Браун, пејачка

• Елен Дегенерес, комичар

• „Дикси чикс“, музичка група

• Мајкл Џ. Фокс, актер

• Мел Гибсон, актер

• Витни Хјустон, пејачка

• Винона Рајдер, актерка

• Мајкл Џексон, пејач

• Мадона, пејачка

• Роман Полански, режисер

• Лиза Мари Присли, пејачка и композиторка

• Ријана, пејачка

• Бритни Спирс, пејачка

• Брајан Вилсон, музичар

• Мерил Стрип, актерка

Сојер, исто така, разговарала и со дилерот на дрога Рајфул Едмонд III од Вашингтон, во 1989 година и повторно во 1997 година, во шоуто 60 минути.

Личен живот[уреди | уреди извор]

На 29 април 1988 година, таа и Мајк Николс, филмски режисер, стапија во брак, којшто не резултираше со деца. Николс е татко на Дејзи (родена во 1974 година), Макс (роден во 1964 година), и Џени (родена во 1977 година) од три претходни бракови. Сојер претходно имала врска со Френк Генон, помошник на Никсон, и Ричард Холбрук, американски дипломат . Форбс објави дека таа заработила 12 милиони долари во 2005 година.