Далибор Ѓошиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Далибор Даки Ѓошиќ
Роден 13 април 1982
Скопје, Македонија Македонија
Починал 10 октомври 2023(2023-10-10) (возр. 41)
Скопје, Македонија Македонија
Занимање пејач

Далибор Ѓошиќ (р. 13 април 1982, Скопје - 10 октомври 2023, Скопје) - македонски поп фолк пејач на народни песни.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ѓошиќ е роден во 1982 година во Скопје. Својата кариера ја започнува во 2004 година во групата Арија Бенд, каде останува до 2014 година. Тој одреден период беше дел од Група Академци. Во 2008 година настапува на „Гоце Фест“ заедно со Група Академци со песната „Овде под туѓо небо“. Покрај неа тој е препознатлив и по други негови песни: "Животе мој", "Ајде сонце зајде", "Душице", "Туѓо небо", "Менче убава", "Плачи, плачи љубов моја", "За неа пеам", "Вечна земја", "Мелница" и други...

Во 2007 година се вработува во „Националниот ансамбл Танец“, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист, како дел од различни ансамблови состави, остварува 363 концертни настапи, дома и надвор. Заедно со „Танец“ настапија во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка. А статистиката вели, тој има исполнети над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители. Незаборавни се неговите изведби на песните: „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други. Покрај успешната кариера во „Танец“, Далибор беше присутен и на фестивалската сцена, на фестивалите „Фолк Фест Роса“, „Цветници“, „Фолк Фест Валандово“, „Лешочки Фолк Фест“, „Тумба Фест“, „Гоце Фест“ и други. На многу песни се појавуваше и како текстописец, на неговите и на други пејачи во Македонија. Тој има и два албуми зад себе, во 2015 година албумот „Животе мој“ и во 2016 година „Туѓо небо“. Негов последен настап на фестивал е: „Фолк Фест Валандово“ 2022 со песната „Каде си“, текстот и музиката се негови, со која освојува награда „Никола Бадев“ за најдобра вокална изведба.

Во 2023 година, по кратко и тешко боледување почина на 41 годишна возраст во Скопје.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почина Далибор Ѓошиќ, пејач и солист на „Танец". 10.10.2023. Посетено на 11 октомври 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)