ДУЦОР „Партенија Зографски“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Партенија Зографски“

лого на училиштето ДУЦОР „Партенија Зографски“
лого на училиштето ДУЦОР „Партенија Зографски“
Место
Општина: Гази Баба
Место: Скопје
Основни информации
Директор: Блаже Митев
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал partenijazografskigb.schools.edu.mk

Државниот училиштен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ — средно училиште во Скопје, Општина Гази Баба.

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Државниот училиштен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје е училиште за средно стручно образование на ученици со оштетен слух. Основна дејност на центарот е: образование, воспитување, рехабилитација, професионално и работно оспособување на ученици со оштетен слух од РМакедонија. Центарот постои и врши образование и професионално оспособување повеќе од педесет години. Низ центарот поминале многу генерации на ученици и денес некои од нив се врвни мајстори на својот занает.

Организирана активност на планот на оспособувањето на оваа популација во Републиката започнува уште во 1953 година кога група младинци започнува со изучување на столарскиот занает и килимарскиот занает. Основите на Центарот се поставени кога Главниот одбор на глувите на НРМ го формира „Нижето занатско училиште за глуви деца во стопанството” а целосен воспитно-образовен систем во Р Македонија е воспоставен на 17.05.1955 година кога со Одлука на Извршниот совет на Народното собрание на НРМ е верифицирана дејноста на Центарот под име “Стручно занатско училиште со практична обука за глуви деца”. Изминатиов период се одликува како период на постојан подем, период на создавање на квалитетни услови за реализирање на содржините на дејноста, обезбедувајќи просторни услови, материјално-техничко опремување, обезбедување на современи нагледни-дидактички средства, технички апарати и помагала што е од особена важност за оваа категорија ученици.

Во текот на своето скоро пет и пол децениско постоење Центарот секогаш во прв план ја имаше и понатаму ќе ја има заложбата максимално да одговори на потребите на општеството образувајќи, воспитувајќи и рехабилитирајќи квалитетни кадри во струките и занимањата што ги изучувале.

ДУЦОР „Партенија Зографски“ - Скопје

Мисија и визија на училиштето[уреди | уреди извор]

Училиштето како комплексен динамичен систем претставува важна општествена установа. Новите општествено- политички и економски промени во Републиката, како и промените во опкружувањето наметнаа нови погледи, содржини, верување и однесување но и многу дилеми и предизвици во остварувањето на образовниот процес. Кон овие промени треба да се додаде и процесот на децентрализацијата на образованието што од своја страна наметнува промени во повеќе сегменти на образовниот систем. Условите на стопанисување и високите стандарди бараат добро организирани училишта во кои ќе се одвива квалитетно образование, односно училишта кои имаат јасна визија за својата иднина.

Мисија[уреди | уреди извор]

Социјализација, оспособување за самостојно извршување на работните задачи и интегрирање во работните процеси, овозможување и оспособување за вклучување во високо образование.

Визија[уреди | уреди извор]

Со унапредувањето на професионалниот развој на наставно-воспитниот кадар и со примена на информатичката технологија ќе го подобриме квалитетот на наставата за оваа категорија ученици-со оштетен слух, со акцент на поттикнување на креативноста и поединечниот потенцијал кај учениците и подобрување на успехот во нивниот стручен развој како иден квалитетен кадар на пазарот на трудот. Од ова произлегува дека визијата на Центарот е: добро организирана, материјално – технички опремена и кадровски екипирана воспитно-образовна установа.

Воспитно-образовна дејност[уреди | уреди извор]

Во Државниот училиштен центар за образование и рехабилитација “Партенија Зографски” се реализираат наставни планови и програми за тригодишно и четиригодишно стручно образование. Во Центарот се образуваат и оспособуваат кадри во следниве струки и образовни профили:

- машинска – образовен профил: машински техничар, обработувач на метал и бравар – заварувач - текстилна – текстилен техничар, конфекционер

Учениците по завршување на образованието во Центарот се стекнуваат со диплома за завршено средно стручно тригодишно, а од минатата година и четиригодишно образование. Поради посебните потреби на учениците, школувањето во Центарот трае четири, односно пет години.

Од минатата учебна година започна долгоочекуваното воведување на четиригодишното образование. Учениците кои се запишаа, преодот од тригодишно во четиргодишно образование го направија со полагање на испити на проодност. Од оваа учебна година за првпат се запишаа во прва година ученици во четиригодишно образование во текстилна и машинска струка.

По иницијатива на родителите и Наставничкиот совет поднесено е и барање за воведување на нови струки и занимања. Училиштето реализира уште една форма на образование - работно оспособување за ученици со непотполно основно образование и ученици кои не можат да следат настава (со комбинирани пречки).

Реализација на наставата[уреди | уреди извор]

Фактот дека Државнот училиштен центрот за образование и рехабилитација “Партенија Зографски” е единствено училиште на територијата на Република Македонија кое обезбедува средно стручно образование и обука на учениците со оштетен слух, само по себе имплицира специфичен приод и работа со учениците. Целта на Центарот е да се обезбеди квалитетна настава и обука според потребите и можностите на учениците, при што е неопходно иницирање на инвентивност и креативност кај целокупниот наставно-воспитен кадар. Наставата се реализира според претходно подготвените програми одобрени од МОН. Основни форми за реализирање на програмските содржини се редовната теоретска настава и практичната настава. Посебен акцент се дава на реализацијата на практичната настава која е особено значајна за оваа категорија ученици. Затоа Центарот континуирано се залага за опремување на работилниците за практична настава со соодветна опрема и машини. Учениците по завршување на образованието во Центарот се стекнуваат со диплома за завршено средно стручно тригодишно, односно четиригодишно образование. Школувањето во Центарот трае четири години за тригодишно и пет години за четиригодишното образование. Содржините и целите планирани со училишниот курикулум главно се реализирани како во редовната настава, така и во воннаставните активности и програмите од слободните часови во училиштето.

Воннаставна воспитно-образовна дејност[уреди | уреди извор]

Во Центарот се организираат разновидни воннаставни активности од разни области: културно-уметнички, работно-производствени, физичко-рекреативни, општествено-забавни и други. Преку овие активности учениците се воведуваат во разни области од животот и имаат можност организирано да го поминат своето слободно време. Исто така се создаваат услови за работа и развој на оние ученици кои покажуваат посебен интерес и дарба кон одделни активности. Реализацијата на слободните активности се одвива по однапред утврден план и програма во чие изготвување учествуваат самите раководители на слободните активности водејќи се од интересите и барањата на учениците. Планот и програмата ги содржат целите и задачите, содржините, облиците, методите и организацијата на работата, како и местото и времето на реализацијата. Учениците од ДУЦОР “Партенија Зографски” имаат можност да ги реализираат следниве слободни активности во форма на секции:

  • литературна
  • драмска
  • шаховска
  • пинг-понг
  • фолклорна
  • мал фудбал
  • кошарка
  • ликовна
  • планинарење
  • пантомима и др.

Учениците имаат голем избор на разни активности кои овозможуваат на секој ученик да пројави интерес за членување барем во една од нив и тоа по пат на слободна определба. На ова поле посебно треба да се истакне драмската секција која по повод патрониот празник на Центарот подготвува и изведува претстави. Учениците учествуваат во разни проекти организирани преку владини и невладини организации и здруженија. Културно-забавниот живот на учениците од ДУЦОР “Партенија Зографски” се организира по повод: роденденски, новогодишни, матурски и други прослави. Исто така Центарот ќе земе активно учество на разни натпревари, односно учествува на спортски натпревари на ниво на општина со редовните училишта, потоа натпревари на ниво на град и република, натпревари меѓу училиштата со посебни образовни потреби, редовно учествува на Домијада и др.

Развојни акциони проекти[уреди | уреди извор]

Активностите поврзани со обидите за подобрување на квалитетот на наставата, стручно и професионално усовршување на наставниците, како и развојот на училиштето воопшто. Проектните активности ќе имаат примарно значење во работата на училиштето.

  • КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ - Овој проект на Владата на Република Македонија е во тек
  • Од оваа учебна година Центарот ќе земе учество во проектот ,,Еко – училиште“ во чии рамки се предвидени неколку активности. Постапките со кои ќе се реализираат активностите подразбираат вклучување на сите расположливи ресурси на Училиштето (ученици, наставници, родители, педагошко-психолошка служба, технички персонал), како и соработка со локалната власт и бизнис-заедницата.
  • За реализацијата на оваа програма со одлука на Наставнички совет формиран е Еко-одбор кој ќе ги утврдува и интегрира активностите на сите вклучени фактори за реализација на оваа програма. Целта на имплементацијата на оваа програма е подигнување на свеста за животната средина, нејзино одржување, заштита и развој. Воспитно- образовните аспекти на оваа програма се однесуваат на мотивација за разновидни истражувања и реализирање на активности во наставата, со кои ќе се обезбеди позитивно влијание врз животната средина. Наставните активности ќе бидат поврзани со вклучување еко-теми во наставната програма по сите наставни предмети (утврдени со наставните планови), со следење и евалуација на постигнатите резултати, чија крајна цел ќе биде утврдување Еко-кодекс, кој ќе значи потврда и примена на поставените задачи и реализирани цел.
  • Продолжуваат активностите со Асоцијацијата на наставници кои работат со глуви ученици, The European Federation of Associations of Teachers of the Deaf (FEAPDA). Во месец октомври во Луксембург ќе се одржи состанок на Советот на здружението на кое ќе присуствува директорот на Центарот Блаже Митев
  • Потпишан е нов меморандум за соработка на годишно ниво со Детскиот театарски центар од Скопје, со што продолжуваат работилниците на кои учениците и подготовки за учество на регионалниот фестивал за глуви лица
  • Соработка со Национална агенција за европски образовни програми и мобилности и аплицирање за програмите: Комениус, Леонардо да Винчи, Е-твининг
  • Учество на натпреварите во организација на МАССУМ (Асоцијација на средни стручни училишта во РМ).
  • Проектот „Ние го знаеме јазикот на знаци, а Вие?“ со средното медицинско училиште „д-р.Панче Караѓозов“Скопје, како и со други средни училишта продолжува и во текот на оваа учебна година.
  • Летниот период е резервиран за проектот „Летен камп“.
  • За наставниците и воспитувачите ќе се продолжи со обука за знаковен јазик.

Инвентивноста и креативноста на кадарот ќе реализира и други проекти кои тековно ќе се појават.

Последни реализирани проекти[уреди | уреди извор]

Обука Графички дизајн во соработка со „Семос Едукација“ - во траење од 3 месеци, 7 ученици беа вклучени во обуката и како резултат сите ученици се стекнаа со сертификат за Adobe Photoshop од Microsoft.

Производи од обуката:

Наводи[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]