ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово

Координати: 41°42′49″N 22°51′11″E / 41.71361° СГШ; 22.85306° ИГД / 41.71361; 22.85306
Од Википедија — слободната енциклопедија

ОСУ „Ацо Русковски“

Место
Општина: Берово
Место: Берово
Адреса: Ул. „Даме Груев“ бб.
Основни информации
Директор: Душанка Паговска
Настава на: македонски
Контактни информации
е-пошта acoruskovski@yahoo.com
тел. +389 33 471/468
Поглед на училиштето
Новоизградената сала до училиштето

„Ацо Русковски“ — средно училиште во Берово, Општина Берово[1].

Основање и развој на ОСУ „Ацо Русковски“[уреди | уреди извор]

Училиштето „Ацо Русковски“ е основано во учебната 1951/52 година како неполна гимназија „Страшо Пинџур”.Средното образование во Берово е воведено од учебната 1953/54 година со решение на Советот за просвета на НРМ од 10.09.1953г., кога е верифицирана полна гимназија. Во 1956 година гимназијата се трансформира-преминува во средно економско училиште.Во 1960/61 година се враќа гимназискто образование, но продолжува да постои и економското училиште. Наредната година економското училиште се припојува кон гимназијата, а постојат две паралелки од просветна струка. Од таа година училиштето го добива името Ацо Русковски. Од учебната 1963/64 година средното училиште функционира како чиста гимназија (без економски и педагошки паралелки),се до 1978 година, кога се трансформира во ЦСО. Во ЦСО покрај гимназиско има и стручно образование: текстилно-кожарска струка, електро, дрвопреработувачка, струка за неметали и др. Од 1980 до 1990 година училиштетото работи според концептот за средно насочено образование, а стручното си постои вон тој концепт. Во учебната 1991/92 година се напушта концептот за насочено образование и се враќа гимназиското образование. Од 2001/02 година гимназиското образование се реализира според новите планови и програми.

Визија на училиштето[уреди | уреди извор]

Нашето училиште е со традиција, отворено за нови идеи што го поттикнуваат поединечниот развој и креативноста на учениците. Нуди можност за проодност на сите факултети. Подготвеност за вклучување на пазарот на трудот. Интенција за воведување на нови струки од интерес на општината.

Патронен празник[уреди | уреди извор]

Патрониот празник на училиштето се одржува секоја година на 24 Септември. За одбележување на тој празник се одржуваат голем број на манифестации, како од спортски, така и од културен аспект. Учениците од средното училиште подготвуваат точки со кои настапуваат на сцена. Претежно точките се од делот на музика (пеење и свирење на музички иснструменти), драмската уметност и модерните танци. Учениците се истакнуваат и во спортските натпревари - ракомет, кошарка, одбојка, фудбал итн .

Соработка со други училишта[уреди | уреди извор]

ОСУ „Ацо Русковски“ е во соработка со други училишта, не само од Македонија, туку и пошироко:

  • Гимназија Брус - Србија
  • Англиска јазична гимназија „Thomas Јеfferson “ - Софија
  • Средно училиште „ Јане Сандански “ - Сандански
  • СОУ „ Орце Николов “ - Скопје
  • СОУ „ Методи Митевски - Брицо “ - Делчево
  • СОУ „ Ванчо Прке “ - Виница

Учество на натпревари и освоени награди[уреди | уреди извор]

Наградени ученици:
  1. Буровска Даринка - златен медал на меѓународниот натпревар по спорт во рамките на меѓународниот проект „Не на наркотиците“, одржан во Сандански, Р.Бугарија на 02.10.2010 година
    Меѓународниот натпревар по спорт-Сандански
  2. Лапевски Владимир - златен медал од областа на информатиката на Макинова во октомври 2010 година во Скопје
  3. Анита Пипонска - сребрен медал во областа на биологија на Еканова во октомври 2010 година во Скопје
  4. Мандолински оркестар - прво место на државниот натпревар во Скопје на 15.05.2011 година
  5. Јовинска Стефанија- I место астрономија.
  6. Кас'мска Лорета - I место модерна физика.
  7. Симоновски Гоце- II место роботика.
  8. Суџукович Ана - II место систематика.
  9. Симевска Моника - II место микробиологија.
  10. Грковска Ивана - II место неорганска хемија.
  11. Димитровска Христина - II место математика.
  12. Сирачевска Александра - II место фармакологија.
  13. Арменски Роберт - III место компјутерско програмирање.
  14. Ингилизова Виолета - III место неорганска хемија.
  15. Станоевска Милица - III место модерна физика.
  16. Тони Трајковски - III место модерна физика.

Државен натпревар за противпожарна заштита[уреди | уреди извор]

  • Анита Кажлевска
  • Катерина Мишевска
  • Војче Митевски

Прво место екипно

  • Ѓорѓи Ајтовски

Второ место

Државен натпревар по латински јазик[уреди | уреди извор]

  • Викторија Кржовска- III место

Натпревар за најдобар бизнис план III место[уреди | уреди извор]

  • Дијана Касмска
  • Анита Перовска
  • Елена Јангеловска
  • Јордан Андовски
Натпревар за најдобар бизнис план

Републички натпревар на детски и младински оркестри -[уреди | уреди извор]

  • I Место

Проекти и активности[уреди | уреди извор]

Најзначајни проекти и активности спроведени во ОСУ „Ацо Русковски“ се:

  • SEA проектот- активности во средното образование;
  • GLOBE - светска еколошка програма, која е во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање;
  • Промоција на хумани вредности - во соработка со Црвен крст;
  • E-dnevnik;
  • Проект “Менторство на Ромите„;
  • Дипломирани Роми и подобрување на нивниот живот;
  • Поттикнување на младите во политичките процеси - едукација на младите гласачи;
  • ЕКО училиште;
  • Условени прарични трансфери - УПТ;
  • Програма - Советување на родители.

Наставен кадар[уреди | уреди извор]

Наставниот кадар на училиштето
  • Вкупно вработени - 65
  • Раководен кадар
  1. Директор : Корчовски Сашко
  2. Заменик директор
  3. Раководител на дисперзирани паралелки
  • Стручни соработници- ( педагог, 2 психолози, социолог, библиотекар)
  • Професори - 55
  • Административна служба( секретар, благајник, администратор)
  • Технички персонал (парноложач, ноќен чувар,хигиеничари)

Ученици[уреди | уреди извор]

Вкупно : 561 (26 паралелки)[уреди | уреди извор]

  • Гимназија: 495 ученици (21 паралелки)
  1. Берово: 342 ученици (15 паралелки)
  2. Пехчево: 152 ученици (6 паралелки)
  • Текстилна: 44 ученици (4 паралелки)
  • Угостителско-туристичка: 22 ученици (1 паралелка)

Национална припадност[уреди | уреди извор]

  • Македонци – 504
  • Турци – 18
  • Роми – 39

Наставата се изведува на македонски наставен јазик

Интегрална евалуација[уреди | уреди извор]

  • Во спроведената интегрална евалуација во април 2011 година ОСУ „Ацо Русковски“ доби оценка „Добар“.
  • После спроведеното вреднување на професорите на 1 февруари 2012 година, просечната оценка е 3,67 (Мн. добар).

Просторни услови[уреди | уреди извор]

Кабинети[уреди | уреди извор]

Училишната сала однадвор.
Училишната сала внатре.
Библиотеката на училиштето.

Во училиштето има 22 Кабинети од кои 15 се опремени со компјутерска технологија.

Пракса[уреди | уреди извор]

За практична настава во училиштето има 2 добро опремени простории.

Спортска сала[уреди | уреди извор]

Добро опремена спортска сала.

Библиотека[уреди | уреди извор]

Добро опремена библиотека

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°42′49″N 22°51′11″E / 41.71361° СГШ; 22.85306° ИГД / 41.71361; 22.85306