Гувернер на Питкерн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Знаме на гувернерот на Питкерн

Гувернерот на Питкерн (англ. Governor of the Pitcairn Islands) е претставник на британската круна во островската земја Питкерн, која е последната останата британска територија во Тихиот Океан. Питкерн ужива прилично голема локална автономија, но сепак се под власта на колонијалниот гувернер.

Заради инзвонредно малиот број на жители на островот (47), британците одсекогаш сметале дека е неисплатливо да постават гувернер на Питкерн во постојан престој. Наместо тоа, од 1989 г. наваму, гувернерот на Фиџи е и гувернер на Питкерн. Со осамостојувањето на Фиџи во 1970 г., оваа функција му припаднала на британскиот висок комесар во Нов Зеланд. Моментално оваа функција ја извршува Џорџ Фергусон.

Во текот на историјата на оваа функција, власта на британскиот гувернер во пракса била само номинална и формална. Меѓутоа Ричард Фел, гувернер на Питкерн помеѓу 2001 и 2006 г., го употребил неговото право за да го разреши градоначалникот кој бил вмешан во аферата за сексуална злоупотреба од 2004 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]