Грчко-персиски војни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Грчко-персиските војни биле серија на воени конфликти помеѓу неколку грчки градови-држави и Персија, кои започнале околу 499 г.п.н.е. а завршиле околу 448 г.п.н.е. Но не сите грчки градови-држави војувале против Персијанците, некои од нив биле неутрални а некои биле и сојузници со Персијанците.

Она што денес е познато за овој конфликт речиси целосно потекнуваат од грчки извори. Пред се од записите на Херодот од Халикарнас кој во петтиот век пред нашата ера патувал низ медитеранските земји, од Скитија до Египет. Неговите записи се собрани во неговата книга Ιστοριης Απόδειξη. Тукидид Атињанинот на некој начин продолжил со работата на Херодот. Неговата збирка на записи е позната како Ξυγγραφη (Пелопонеската војна). Се верува дека умрел пред да ја заврши оваа книга. Подоцна се појавуваат записи од Ефор, како и од Диодор од Сицилија.

Постојат и оскудни персиски извори, како на пример материјалите на Кнедус, личен лекар на Артаксеркс Мнемон.

Добар дел од овие записи не се сочувани. Фрагменти од записите биле чувани во мириобиблон. Подоцна биле преработени од страна на Фотеј кој пак станал Екуменски Патријарх во Константинопол во деветиот век од нашата ера. Но во книгата Еклогај од императорот Константин VII Порфирогенит (913 0 919 г.) и во Суда речникот од десетиот век стои дека овие записи најверојатно биле изгубени после уништувањето на царската библиотека на Светата столица на Константинопол од страна на крстоносците на Четвртата крстоносна војна во 1204 година.

Наводи[уреди | уреди извор]