Горчлива месечина (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Горчлива месечина (англиски: Bitter Moon) е филм во режија на Роман Полански.

Факти за филмот[уреди | уреди извор]

Филмот „Горчлива месечина“ е режиран од режисерот Роман Полански, а главните улоги ги толкуваат Питер Којоти, Хју Грант, Кристин Скот Томас, и Емануел Сење. Филмот е снимен според истоимениот роман на Паскал Брикнер, а музиката ја компонирал Вангелис.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Драмата „Горчлива месечина“ е необична приказна за односите меѓу луѓето, моралот, лицемерието, љубовта и омразата. Британската конзервативна двојка Фиона и Најџел Добсон крстарат со брод до Истанбул, на пат кон Индија, но нивните планови се менуваат кога ги запознаваат Мими и Оскар, пар со садистичко сексуално минато. Во филмот се прикажани љубовта и страста во нивната деструктивна сила, претворањето на љубовта во омраза, сожалување, мазохизам и садизам.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Во светот на лудилото и деструктивната страст“, Антена, бр. 804, 22.11.2013, стр. 3.