Гонг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гонг

Гонг е вид на ударен инструмент со неодредена висина на тонот. Води потекло од Кина и Јапонија. Направен е од легура, чиј состав е непознат и се чува во тајност. Во форма начинија е. Звукот се добива со удирање со палка по средина на чинијата . Се користи за музички ефекти во симфониски и џез оркестар. Не е секогаш составен дел на оркестарот. Се употребува само за ретки звучни акценти или во доловување на атмосфера од Далечен Исток, поднебје од каде води потекло. Инструментот се состои од голема бронзена чинија, по која изведувачот удира со палка која има глава од филц.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]