Голема седа дебелоглавка
Голема седа дебелоглавка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Hesperiidae |
Род: | Muschampia |
Вид: | M. proto |
Биномен назив | |
Muschampia proto (Ochsenheimer, 1808) |
Големата седа дебелоглавка (Muschampia proto) е пеперуга од семејството на дебелоглавки. Пеперугата живее и во Македонија.
Опис[уреди | уреди извор]
Оваа пеперуга живее во Северна Африка (Мароко, Алжир), Италија, Франција, Грција и Македонија.
Распонот на крилјата на пеперугата е од 14 до 15 мм, иако во Мароко има и видови кои достигнуваат до 17 мм. Овој вид на пеперуги нема постојани физички карактеристики, но најчесто се разликува од другите видови по централната точка на предниот дел од крилјата. Возрасните единки летаат од април до мај, и имаат една генерација годишно. Ларвите се хранат со Phlomis. Крилјата имаа доминантно кафеава боја, исшарани со бели и црни точки и бели рабови.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Whalley, Paul - Mitchell Beazley Guide to Butterflies (1981, reprinted 1992) ISBN 0-85533-348-0
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
![]() | Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |