Голема Лангобардија
Голема Лангобардија (латински: Langobardia Maior) - името што, во раниот среден век, било дадено на поседите на Лангобардското Кралство во Северна Италија. Се состоел од вистинска Ломбардија со нејзиниот главен град Павија, војводствата Фриули и Трент, како и регионот на Тоскана. На југ била ограничена со Патримонијата Свети Петар односно Папската Држава основана по пипиновата даровница во 754 година, протегајќи од Тиренското до Јадранското Море. Лангобардските територии пошироко се нарекувале Мала Лангобардија, која се состоела од Војводствата Сполето и Беневенто.
Голема Лангобардија била внатрешно поделена на источна Австрија (Стара Земја), западна Невстрија (Нова Земја) и јужна Тоскана. Откако поседите биле освоени од Карло Велики во 774 година за време на опсадата на Павија, тие станале дел од Каролиншката држава.