Главечкум (филм од 1999)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Главечкум“ (англиски: Topsy-Turvy) — британски филм од 1999 година, во режија на Мајк Ли (Mike Leigh), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Џим Бродбент (Jim Broadbent), Алан Кордунер (Allan Corduner), Лесли Манвил (Lesley Manville) Тимоти Спал (Timothy Spall), Рон Кук (Ron Cook) и Декстер Флечер (Dexter Fletcher). Филмот не постигнал голем успех кај публиката, но бил добро прифатен од филмската критика и освоил бројни награди, меѓу кои и два „Оскара“: за најдобра костимографија и за најдобра шминка.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во 1880-тите и ја опишува соработката на двајца познати автори на театарска музика, В. С. Гилберт (го игра Бродбент) и Артур Саливан (го игра Кордунер). Тие добиваат порачка за нова претстава, но меѓу нив се појавува несогласување во однос на музичкиот стил. Меѓутоа, тие ја надминуваат креативната криза и заедно ја создаваат музиката за успешната претстава „Микадо“.

Наводи[уреди | уреди извор]