Германија на Евровизија 1961

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Германија била преставувана од Лале Андерсен со песната " Einmal sehen wir uns wieder ", на натпреварот за песна на Евровизија во 1961 година, кој се одржал на 18 март во Кан, Франција . "Einmal sehen wir uns wieder" била избрана на германското национално финале кое се одржало на 25 февруари.

На Евровизија[уреди | уреди извор]

На денот на финалето Лале Андерсен настапила осма по ред, по Шведска и пред Франција. Било невообичаено тоа што целиот рефрен бил испеан на француски јазик, што беше дозволено, бидејќи во времето на Европската радиодифузна унија допрва требало да се воведат некои специфични правила во однос на јазикот на изведбата. Сепак, "Einmal Sehen Wir Uns Wieder" не успеала да да ја воодушеви интернационалната публика, освојувајќи само 3 бода и со тоа Германија завршина на тринаесетото место од вкупно шестнаесет држави. Германското жири им доделило 5 од вкупно 10 поени на победниците на ова натпреварување, Луксембург . [1]

Гласање[уреди | уреди извор]

Секоја држава имала жири составено од десет луѓе. Секој член на жирито требало да даде еден поен на неговата или нејзината омилена песна.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • ESC History - Germany 1961