Прејди на содржината

Генеалогија на моралот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Генеалогија на моралот - Борбен запис Фридрих Ниче

Генеалогија на моралот - Борбен запис (германски: Zur Genealogie der Moral, Eine Streitschrift) - книга на германскиот философ Фридрих Ниче од 1887 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Осврт кон делото

[уреди | уреди извор]

Ова дело, кое се состои од три расправи, Ниче го опишува како „најнеобичното“. Притоа, почетокот е студен, научен, па дури и ироничен, а потоа светнува молња, а на крајот се доаѓа до некоја нова вистина. Првиот есеј се занимава со психологијата на христијанството, предмет на вториот есеј е психологијата на совеста, а третиот есеј дава одговор на прашањето: од каде потекнува силната моќ на аскетскиот идеал. Со еден збор, Ниче заклучува дека ова дело ја содржи првата психологија на свештенството.[1]

  1. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 136-137.