Гај Теренциј Варон
Гај Терентиј Варон (латински: Gaius Terentius Varro) бил римски политичар и војсководец активен за време на Втората пунска војна. Тој припаѓал на пониските општествени класи, и направил кариера како демагог, и во 217 година п.н.е. станал еден од водачите на демократското движење во Рим. Станал конзул во 216 година. Додека ја извршувал таа функција, тој бил тешко поразен од Ханибал во битката кај Кана.
Варон бил член на плебејско семејство од родот Теренција, и е првиот познат човек од неговото семејство.[1] Според Ливиј, неговиот татко Гај Постариот бил месар кој самиот ја доставувал својата стока, „а неговиот син ги извршувал досадните задачи поврзани со оваа професија“.[2] И покрај тоа што е роден како плебеец, со наследството што му го оставил татко му по неговата смрт, Варон започнал јавна кариера, и се истакнал со осудувањето на луѓето со повисок статус и напредувал низ различните магистрации на циркус хонорум, и бил квестор, плебејските и курилски едил.[3] Сервиј наведува дека овој Варон служел во Првата илирска војна.[4] Во 218 година п.н.е. бил поставен за претор, кога се верува дека бил пратен на Сардинија.[5]
Во 217 п.н.е., откако го завршил своето преторство, Варон бил еден од ретките сенатори кои го поддржале издигнувањето на Марко Минуциј Руф како диктатор, најверојатно затоа што со тоа очекувал поддршка од плебејците, а не поради свои лични убедувања.[3] Варон не само што успеал Минуциј да биде назначен за содиктатор, туку и самиот тој бил избран за конзул во 216 година п.н.е.
Конзулство
[уреди | уреди извор]Варон и неговиот колега, Луциј Емилиј Павел, го презеле конзулството две години по избувнувањето на Втората пунска војна и откако диктаторот Квинт Фабиј Максим Верукоз одбил да се соочи со војската на Ханибал. Варон и Павел ги здрушиле двете конзуларни војски (кои обично се воделе одделно) и создавле 85.000-на армија за да се соочат со Ханибал. Вообичаено во такви ситуации, двајцата конзули ја раководеле со војската наизменично на дневна основа.[6][7]
Двете војски се сретнале кај Кана каде што неискусниот Варон, кој командувал тој ден, го убедил на Павел да ги нападнат Картагинците и поставил кратка борбена линија. Ханибал ја оопколил римската војска и ѝ нанел огромни загуби. Павел бил убиен во битката, а Варон побегнал во Венузија со околу 4.500 преживеани војници.[8][9][10] Кога разбрал дека поголемиот дел од преостанатата римска армија се во Канузиум, Варон со својата армија им се придружил, и се создала сила приближно со еднаква бројност на стандардна конзуларна армија.[11]
Варон бил повикан во Рим кој бил во паника.[12] По пристигнувањето, бил пречекан од толпата која му се заблагодарила затоа што не „западнал во очај од состојбата“ и не си го одзел животот, а со тоа избрал да се бори и понатаму.[13] Додека бил таму, му помогнал на Марко Јуниј Пера да стане диктатор и да се справи со непосредната катастрофа. Потоа, Варон се вратил да командува со своите трупи кои се сместиле во Апулија.
Подоцна истата година, бил повторно повикан во Рим за да го назначи Марко Фабиј Бутео за втор диктатор, со првенствена цел да именува сенатори кои ќе ги заменат убиените сенатори во Кана.[14]
215 до 207 п.н.е
[уреди | уреди извор]Во 215 година п.н.е. Варон бил отповикан од својата позиција, но ја задржал командата на силите во Апулија.[15] Потоа бил испратен во Пиценум за да регрутира нови војници и да го штити регионот.[16]
Тој, заедно со сите други генерали кои сè уште служеле низ Италија, повторно бил отповикан во 214 година п.н.е.[17] Доби една од 18-те легии регрутирани таа година за да ги извршува своите должности.[18] Следната година бил повторно отповикан и бил назначен за командант на легијата во Пиценум.[19][20]
Откако си заминал од Пиценум, Варон станал пропретор, граѓанин задоен со авторитет на претор, и го спречил можниот бунт во етрурскиот град Арециум. Откако избавил 120 заложници од градот, Варон го известил римскиот сенат дека немирите сè уште не се задушени. Со легијата се вратил во гарнизонот Арециум.[21] Тој ја добил втората легија од сенатот и останал да команува во Етрурија до 207 година п.н.е.[22]
Подоцнежен живот
[уреди | уреди извор]Варон, по битката кај Кана, не се споменува во Втората пунска војна, но во 200 година п.н.е бил дел од тричлената дипломатска легација во Северна Африка, со задача да ја посети Картагина.[23] Амбасадорите требало да ја известат Картагина дека и покрај завршувањето на војната во 201 г. п.н.е., генералот Хамилкар продолжил со операциите во Галија и дека Римјаните кои дезертирале во Картагина не биле вратени назад. Исто така, тие однеле подароци и поздрави до Масиниса, чиј што сојуз со Рим се покажал клучен во битката кај Зама, по што станал крал на Нумидија.
Варон, исто така, се вратил во Венузија, служејќи како еден од трите triumviri coloniae ducendae, задолжени за прирастот на месното население преку населување на колонисти по загубите на градот за време на Втората пунска војна.[24] Се претпоставува дека служел и како ковач на монети во 197 година п.н.е.[25]
Потоа Варон никаде не се споменува; или се повлекол или умрел.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jerome S. Arkenberg, "Licinii Murenae, Terentii Varrones, and Varrones Murenae: I. A Prosopographical Study of Three Roman Families", Historia: Zeitschrift für Alte Geschichte, 42 (1993), pp. 326-351
- ↑ Livy. 22.25.18
- ↑ 3,0 3,1 Livy. 22.26.1.
- ↑ Maurus Servius Honoratus, Commentary on the Aeneid of Virgil, 11.743..
- ↑ T.R.S. Broughton, The Magistrates of the Roman Republic, (American Philological Association, 1952). vol. I, p. 240.
- ↑ Polybius. 3.110.
- ↑ Oliver L. Spaulding, Jr. The Classical Element in the German War Plan of 1914, The Classical Weekly, Vol. 18, No. 18 (Mar. 16, 1925), p143.
- ↑ Hanson, Victor Davis (2007-12-18). Carnage and Culture: Landmark Battles in the Rise to Western Power (англиски). Knopf Doubleday Publishing Group. ISBN 978-0-307-42518-8.
- ↑ Livy. 22.54.1
- ↑ Polybius. 3.116.
- ↑ Livy. 22.54.6.
- ↑ Livy. 22.61.
- ↑ Livy. 22.61.14.
- ↑ Livy. 23.22.10
- ↑ Livy. 23.23.11
- ↑ Livy. 23..32.19.
- ↑ Livy. 24.10.3
- ↑ Livy. 24.10.3.
- ↑ Livy.24.44.5.
- ↑ T.R.S. Broughton, The Magistrates of the Roman Republic, American Philological Association (1952). vol. I. p256.
- ↑ Livy. 27.24.9.
- ↑ Livy. 27.36.12.
- ↑ Livy. 31.11.6-7.
- ↑ Livy. 31.49.6.
- ↑ Jerome S. Arkenberg. Licinii Murenae, Terentii Varrones, and Varrones Murenae: I. A Prosopographical Study of Three Roman Families, Historia: Zeitschrift für Alte Geschichte Bd. 42, H. 3 (3rd Qtr., 1993), pp. 326-351