Гардно
Изглед
| Гардно | |
|---|---|
| Подрачје | Словињски езера |
| Координати | 54°39′14″N 17°06′44″E / 54.65389°N 17.11222°E |
| Сливни земји | Poland |
| Најг. должина | 6,8 км км |
| Најг. ширина | 4,7 км км |
| Површина | 24,69 км2 км2 |
| Најг. длабочина | 2,6 м м |
Гардно (полски: Gardno, германски: - Garder See) — езеро во Поморското Војводство на Словињското крајбрежје. Површината на езерото изнесува 24,7 км, максималната длабочина е до 2,6 метри. Езерото е долго 6,8 км и широко 4,7 км. Езерото Гардно е осмо езеро по големина во Полска. Преку езерото Гардно поминува реката Лупава. Гардно е дел од Словињскиот национален парк.
Езеро Гардно во минатото било залив на Балтичкото Море, но со текот на времето потполно се одвоило од него.
На езерото е развиено едриличарството и веслањето. На езерото е равиен и риболовот поради големиот рибен фонд. Во околината се наоѓаат хотели.
Гардно е поврзано преку канал со Лебското езеро
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Архивирано на 10 март 2007 г. и Архивирано на 10 март 2007 г. - слики
Податотеки поврзани со Gardno на Ризницата