Враќање во иднината 3

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Враќање во иднината 3 (англиски: Back to the Future 3) - американски филм од 1990 година, во режија на Роберт Земекис, кој е автор и на сценариото заедно со Боб Гејл. Главните улоги ги играат: Мајкл Ј. Фокс, Кристофер Лојд, Мери Стинбурген, Леа Томпсон, Томас Ф. Вилсон, Елизабет Сју итн. Ова е последниот дел од трилогијата „Враќање во иднината“, снимен истовремено со вториот дел, но во кино-салите се прикажувал неколку месеци по него.

Содржина[уреди | уреди извор]

Младото момче Марти Мекфлај (го игра Фокс) добива разгледница стара 70 години, испратена од неговиот пријател, чудниот доктор Браун (го игра Лојд), пронаоѓачот на временската машина. Докторот го известува Марти дека живее мирен живот на Дивиот Запад. Меѓутоа, Марти дознава дека докторот умрел кратко време по испраќањето на разгледницата и затоа се враќа во минатото за да го предупреди докторот. Кога стигнува таму, Марти открива дека докторот е вљубен во една жена (ја игра Стин бурген). По низа вратоломии, Марти и докторот успеваат да се вратат во иднината, а докторот ја зема со себе и саканата жена.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]