Вонон I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Монета на Вонон I од Селевкија.

Вонон I (ΟΝΩΝΗΣ Onōnēs според неговите монети) владеел со Партијската империја од околу 8 до 12 година од н.е. Тој беше најстариот син на Фраат IV Партски (владеел околу 37–2 година п.н.е.) и беше испратен во Рим како заложник во 20-тите години п.н.е. како гаранција за договорот на неговиот татко склучен со Август.[1]

Доаѓање на власт[уреди | уреди извор]

По убиството на Ород III околу 6 година по н.е., Партијците побарале од Октавијан Август нов крал од Арсасидската династија.[2] Август го испратил Вонон I, но тој не успеал да го зачува престолот; тој бил образован како Римјанин и бил омразен од партијското благородништво како предавник.

Пад[уреди | уреди извор]

Друг член на Арсасидската династија, Артабан III (владеел околу 10–38 година), кој живеел меѓу даханските номади во источниот дел на Партија, беше поканет да го преземе престолот. Во граѓанска војна тој го порази и протера Вонон I.

Монети[уреди | уреди извор]

Монетите на Вонон датираат од 8 до 12 година и го носат натписот "Кралот Вонон, освојувач на Артабан" по повод привремената победа над неговиот ривал. Монетите на Артабан II датираат од 10 година. Во 12 година Вонон побегна во Ерменија и станал нејзин крал.[3] Артабан II побара тој да биде отстранет од престолон но бидејќи Октавијан не сакал да започне војна со Партијвите тој го премести Вонон во Сирија, каде што тој бил задржан во притвор, иако во добри услови.[4] Подоцна, тој бил преместен во Киликија и кога тој се обидел да побегне околу 19-тата година бил убиен од страна на неговите чувари.[5]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Tacitus, The Annals 2.1
  2. Tacitus, The Annals 2.2
  3. Tacitus, The Annals 2.3
  4. Tacitus, The Annals 2.4
  5. Tacitus, The Annals 2.68

Наводи[уреди | уреди извор]