Воен тренинг центар Криволак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 41°34′09.4″N 22°03′12.9″E / 41.569278° СГШ; 22.053583° ИГД / 41.569278; 22.053583

Американски и македонски војници на заедничка вежба во Криволак.

Тренинг центарот Криволак, понекогаш се среќава и како Воен полигон Криволак претставува регионален тренинг центар на Армијата на Република Македонија сместен во близина на Неготино, централен дел на Македонија. Неговата површина изнесува 22.546 хектари и важи за еден од најголемите полигони во Југоисточна Европа. Официјално бил пуштен во употреба во 1970 година и служел за потребите на Југословенската народна армија.