Внимание

Од Википедија — слободната енциклопедија
Внимание
СпецијалностПсихијатрија Уреди на Википодатоците

Вниманието е посветено на подготвителната фаза на набљудување или тестирање.[1] Кога нешто го привлекува нашето внимание, ние почнуваме да го забележуваме тоа и да ги откриваме неговите одлики. Внимание е селективно насочување на менталната активност на одредени делови или аспекти на ситуацијата (на пример, предмети и настани). Внимание се гледа како функција на мотивација. Доказ за тоа е дека ние сме подеднакво внимателно на се што се случува околу нас, ние ги избираме оние информации кои се важни за нас. Кај вниманието се прави разлика помеѓу:

  • ИНТЕНЗИТЕТ - степенот на концентрација на некој објект или настан
  • ОБЕМ - број на забележани позначајни објекти или податоци
  • РАСПРЕДЕЛБА НА ВНИМАНИЕТО - премин на вниманието од еден објект на друг

Опсег на вниманието[уреди | уреди извор]

Опсегот на вниманието претставува максималниот број на предмети или објекти кои можат директно да се забележат (односно кои може да се забележат за толку кратко време што секое движење на очите или одбројување се исклуцува).

Распределба на внимание[уреди | уреди извор]

Има постојано поместување на внимание од еден на друг предмет. Вниманието се поместува поради неколку причини. Вниманието се стреми да биде "спонтано" и да го инхибира вниманието во еден правец. Во еден момент, вниманието може да биде распределено на различни начини. Тоа може да биде концентрирано на еден момент, додека на остатокот од перцептивената областа да и посвети малку внимание. Тоа може да е дифузно, така што ниту еден конкретен дел од полето не зазема централно место. Тоа може да биде поделено, кога човек се обидува да гледа истовремено во две или повеќе нешта. Можеби би било подобро да се каже дека човекот постојано врши повеќе од една работа истовремено. Тој може да оди, да држи нешто во левата раката, да направи гест со десната рака, а за цело време да гледа и слуша.Секој од овие наведени особини има практично значење. На пример, луѓето кои имаат мал опсег на вниманието не се погодни за некои работи: автомобилистите и пилотите мора да гледаат во различни сигнали, значи дека мора да имаат добра распределба на вниманието, и др За оптичарите, козметичарите е особено значајно вниманието во текот на процесот на перцепирање. Кај нив се бараат динамични промени во обемот, интензитетот и движење на вниманието. Во текот на работата оптичарот , козметичарот често истовремено забележуваат повеќе содржини. На пр. Козметичарот на клиентот А му нанесува маска на лицето, забележува дека клиентот Б доаѓа во салонот, а гледа и што прави клиентот Cекој го чека својот ред. Во својата работа, оптичарот, козметичарот мора да ја развие способноста за истовремено доживување на повеќе објекти. Мора да има голем опсег на внимание. Оптичарот, козметичарот, со други зборови, секогаш мора да има добар преглед на ситуацијата во која работи. Но, обемот на вниманието не е единствена перцептивна способност која треба да ја развива оптичарот, козметичарот. Често е неопходно тој да го концентрира вниманието само на една одредена услуга. Значи, доколку е потребно, да го прилагоди и интензитетот на вниманието. Со оглед на динамичните промени кои се случуваат во салон, оптичарот, козметичарот ќе биде потребно да ја развијат способноста за свесно менувањето на вниманието од една содржина во друга и промена во интензитетот на вниманието. Станува збор за способност која во психологијата се нарекува подвижност на вниманието. Ако оптичарот, козметичарот се концентрира на една содржина (на корисникот на услугата) долго време, не обрнува внимание на другите, тогаш ова во практична смисла би имало специфични последици врз неговата работа. На пример, не го забележува корисникот што упорно чека на ред подолго време, а другите корисници на услуги го гледаат како невнимателен, бидејќи не ги забележува.

Одлики на вниманието[уреди | уреди извор]

Вниманието ги поседува следниве главни одлики:

  • Концентрација е степен на насоченост и сосредоточеност на вниманието,
  • Траење на вниманието е можност за насоченост и сосредоточеност во определено време,
  • Стабилност на вниманието е упорност на вниманието да ја задржи сосредоченоста и покрај сите колебања,
  • Еластичност на вниманието е својство тоа брзо да се пренасочува од еден објект или појава кон друга,
  • Расеаност на вниманието е ситуација при која човек не е во состојба да го насочи и сосредоточи спознанието на определен објект или појава.

Видови внимание[уреди | уреди извор]

Вниманието може да биде: ненамерно, намерно и посленамерно. Ненамерно внимание е она што се јавува без наша волја, желба и определена цел. Намерно внимание е она што се јавува волево, со претходна желба и определена цел. Посленамерно внимание се јавува кај оние кои толку се заинтересирани за објектот на волевото и намерно внимание, што тоа доаѓа само од себе без некој поголем напор.

Нарушување на вниманието[уреди | уреди извор]

Многу нешта во нашата средина, како и некои нешта во нас може да го одвлекуваат нашето внимание. Замислете една ваква ситуација на пр. почнуваме да учиме успеавме да внимаваме на учењето (ова е нашата мотивација за учење), но во еден момент се слуша силен звук од улицата и тоа накратко го свртува нашето внимание. По некое време се чувствуваме гладни го вклучуваме ТВ додека јадеме и потоа се враќаме на учењето, но нашето внимание е спречено од нашата омилена емисија на телевизија. Оптичарот или козметичарот за да го привлечат вниманието на клиентите, треба работните простории да ги уредат така што ќе им го задржат вниманието на клиентите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Anderson, John R. (2004). Cognitive psychology and its implications (6th ed.). Worth Publishers. стр. 519. ISBN 978-0-7167-0110-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Психологија за средно стручно образование.