Прејди на содржината

Влодроп

Координати: 51°08′00″N 6°04′25″E / 51.13333° СГШ; 6.07361° ИГД / 51.13333; 6.07361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Влодроп
Vlodrop
Грб на Влодроп
Местоположба на Влодроп
ЗемјаХоландија
ПокраинаЛимбург
ОпштинаРурдален
Население (1 јануари 2007)2.637
Повик. бр.0475

Влодроп (холандски: Vlodrop, лимбуршки: Vlórp) — село во општината Рурдален во покраината Лимбург југоисточна Холандија. Сместено е недалеку од границата со Германија, околу 8 км југоисточно од Рурмонд.

Во минатото Влодроп бил своја општина, но во 1991 г. е припоен кон Мелик и Херкенбос.[1]

Во 2007 г. Влодроп броел 2.637 жители. Неколку години пре тоа, зафаќал површина од 0,51 км2 и имал 850 домови.[2]

Во 1990 г. во селото се вселил индискиот мислител Махариши Махеш Јоги, основач на програмата Трансцендентална медитација, и го преместил седиштето на организацијата во поранешното училиште „Св. Лудвиг“, а потоа во зданието е отворен Европскиот истражувачки универзитет „Махариши“.

Во Влодроп е сместен производителот на луди железници „Векома“.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Ад ван дер Мер и Оно Бонстра, Именик на општините во Холандија, KNAW, 2006
  2. Статистичка служба на Холандија (CBS), Bevolkingskernen in Nederland 2001 [1] Архивирано на 24 јануари 2007 г.. Статистиката е за непрекинатото населено подрачје.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]