Виталиј Безруков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Виталиј Сергеевич Безруков е советски и руски глумец и театарски режисер. Тој е роден на 1 јануари 1942 година.

Има настапувано заедно со неговиот син Сергеј Безруков во две ТВ минисерии „ Бригада“ (2002) и „ Есенин“ (2005), како и во продукцијата на претставата „Александар Пушкин“, на која Виталиј бил режисер во 2002 година во театарот „Јермолова“ .

Биографија[уреди | уреди извор]

Откако го завршил средното образование во градот Горки се запишал во драмското училиште „Свердловск театар“. Дипломирал во 1966 година, со одличен успех во Московското уметничко театарско училиште. Како студент на IV година добил голема улога во претставата именувана по театарот Мајаковски „Едип Рекс“. Работел во Московскиот уметнички театар, од 1969. Во телевизискиот филм-опера „Ана Онегина“ го глумел поетот Сергеј Есенин. Од 1980 година започнал да игра во театарот Сатира.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]