Висмарски Залив

Координати: 53°56′56″N 11°24′40″E / 53.94889° СГШ; 11.41111° ИГД / 53.94889; 11.41111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Висмарскиот Залив

Висмарски Залив (германски: Wismarbucht)[1] — добро заштитен повеќеделен залив во југозападниот дел на Балтичкото Море, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија, и се смета за дел од многу поголемиот Мекленбуршки Залив. Висмарскиот Залив се смета за едно од најдобрите природни пристаништа[2] на Балтикот и служел како одредиште за голем дел од поморската трговија до околу 1910-тите кога неговите минимални длабочини од 5 метри станале преплитки за поголемите и посовремените бродови.

Постојат четири дела на Висмарскиот Залив, кои и самите се заливи на неговите јужни брегови, секој меѓу себе разделен на север со ’рт и широк канал кој поминува од северозапад кон југоисток паралелно на линијата создадена ’ртовите на заливите. Во заливот се наоѓаат следниве помали заливи: Болтенхагенски Залив, Воленбершки Залив, Егерски Залив и внатрешниот залив. Каналот, помеѓу островот Пел и копното се смета исто така за дел од заливот.

Главни пристаништа околу Висмарскиот Залив се: Висмар, 30 километри северно од главниот град на покраината, Шверин.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kohl, Horst; Marcinek, Joachim and Nitz, Bernhard (1986). Geography of the German Democratic Republic, VEB Hermann Haack, Gotha, p. 47. ISBN 978-3-7301-0522-1.
  2. 2,0 2,1 „Висмар“. Енциклопедија Британика 1911. Архивирано од изворникот 2008-04-23. Посетено на 8 мај 2008.

53°56′56″N 11°24′40″E / 53.94889° СГШ; 11.41111° ИГД / 53.94889; 11.41111