Мекленбуршки Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед на Мекленбуршкиот Залив од Залцхаф во насока на Фемарн.

Мекленбуршки Залив (германски: Mecklenburger Bucht или Mecklenburgische Bucht; дански: Mecklenburg Bugt) — долг тесен залив помеѓу бреговите на Германија на југ и данските острови Лоланд, Фалстер и Мен на север, бреговите на Јитланд на запад и со Балтичкото Море на исток.

Мекленбуршкиот Залив, кој ги вклучува Висмарскиот и Либечкиот Залив, се поврзува со Килскиот Залив на северозапад. Познати пристаништа во заливот се Либек, Росток и Висмар.

Координати: 54°20′N 11°40′E / 54.333° СГШ; 11.667° ИГД / 54.333; 11.667