Википедија:Превметнување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратенки:
ВП:ПВ
ВП:ТРАНС

Превметнувањето (анг. transclusion) е вметнување на содржини од еден документ во друг со упат. Во контекст на Википедија, ова подразбира употреба на предложната функција на МедијаВики за поставување на една иста содржина во повеќе документи без да треба да се уредуваат засебно. Превметнување на предлошки е чест начин на употреба на предложни пораки, и се применува со помош на предложна ознака од следниов облик:

{{Назив на предлошката}}

Понекогаш се јавува потреба од користење на предлошка, но од извесни причини не е пожелно превметнување. Автоматското еднократно копирање на код/текст на предлошката до местото на предложната ознака се нарекува замена на предлошки (анг. subclusion, од substitution + transclusion). За замена на код/текст на една предлошка, треба да се измени предложната ознака од нејзиниот стандарден облик како ознака за превметнување во облик на ознака за замена, и сето тоа просто со додавање на subst:, така создавајќи ознака од обликот:

{{subst:Назив на предлошката}}

Како работи превметнувањето[уреди извор]

За да превметнете било која изворна страница (во рамките на еден проект на МедијаВики, како да речеме mk:Википедија), ставете го следниов код во целната страница:

{{НЕКОЈАСТРАНИЦА}}

Секаде кајшто се прикажува целната страница A со овој код, погонот ќе го вклучи на тоа место не самиот код, туку сета содржина на изворната страница B, НЕКОЈАСТРАНИЦА.

На пример, можеби сакате да поставите страница за добредојде на Страницата за разговор на секој новодојденец. Превметнувањето прави „жива“ врска помеѓу предложната страница и целната страница/ци на која треба да се појави пораката. Кога ќе се уреди предлошката, сите целни страници исто така биваат уредени.

На пример, создавате (предложна) страница во Википедија со вашата домашна адреса и потоа таа предлошка ја вклучувате не само во вашата страница, туку и на страниците на сите ваши пријатели. Подоцна, откако сте се преселиле во друга куќа, ја подновувате предлошкатата со адреса и новата адреса автоматски ќе се појави на страниците на сите ваши пријатели.


Делумно превметнување[уреди извор]

Користејќи ги ознаките „noinclude“, „onlyinclude“ и „includeonly“, може да се превметне дел од страница наместо целата. Ова може да се постигне и со превметнување од други страници како потстраници. Напати се јавува потреба да не се превметнат некои информации, како на пр. предложна документација.

За пример за примена на оваа техника со цел да се упрости создавањето на статии за резимирање, погледајте ја оваа ревизија на статијата „Pathology“, која се состои од збир превметнати воведни параграфи од неколку главни статии.

Ознаки[уреди извор]

Постојат три пара ознаки што може да се користат во викитекст за контрола врз начинот на кој превметнувањето делува врз елементите на една предлошка или статија. Со нив се одредува дали викитекстот ќе се прикаже, во своја статија („тука“), или во друга статија кајшто ќе биде превметнат („таму“).

  • <noinclude> оваа содржина нема да се прикаже таму </noinclude> . Овие ознаки немаат ефект тука.
  • <includeonly> оваа содржина ќе се прикаже само таму, а нема да се прикаже тука </includeonly> (како невидливо мастило, станува видлива по пат на превметнување).
  • <onlyinclude> оваа содржина ќе се прикаже тука и ќе се прикаже таму </onlyinclude> но остатокот од статијата ќе биде изземен од прикажување таму.

Постојат неколку такви елементи на оддели. Тие исто така може да се вгнездуваат. Изводливи се сите можни прикази. На пример, за приказ таму еден или повеќе оддели од страницата тука користат ознаки <onlyinclude>. За да ставите дополнување на текст тука, додатокот означете го со <includeonly> над, во или под одделот. За да изоставите делови од одделот, вгнездете ги во него ознаките <noinclude>.

Како потсетник, ставете го изразот in transclusion помеѓу двата збора за да добиете „noInTransclusionInclude“, „includeInTransclusionOnly“ и „onlyInTransclusionInclude“.

Потстраници[уреди извор]

Текстот за превметнување во потстраница може да се прекопира, а потоа да се употреби називот на потстраницата во предлошката на превметнувањето. Овој приод важи само за потстраници на страниците од видот Корисник, разговор и Википедија. Засега потстраниците не можат да се создаваат од главни страници на статии.

Пример: сакате да го продискутирате бришењето и пренасочувањето на Титов Велес во Велес. Прво создавате потстраница Разговор:Титов Велес/Ајде да го избришеме Титов Велес!, таму го пишувате вашиот коментар, па потоа ја превметнувате во Разговор:Титов Велес и во Разговор:Велес користејќи ја предлошката {{Разговор:Титов Велес/Ајде да го избришеме Титов Велес!}}. Коментарите на било која од двете страници ќе се прикажуваат на обете.

Специјални страници[уреди извор]

Извесни страници на Специјални:СпецијалниСтраници можат да се превметнуваат, како на пр. Специјални:СитеСтраници, Специјални:ИндексНаПрефикси, Специјални:НовиСлики, Специјални:НовиСтраници, Специјални:СкорешниПромени и Специјални:ПоврзаниПромени.

Примери:

  • {{Специјални:СитеСтраници/Голем}} – список на страници што почнуваат со „Голем“
  • {{Специјални:ИндексНаПрефикси/Голем}} – список на страници со претставката „Голем“
  • {{Специјални:НовиСлики/4}} – галерија од четирите најскоро подигнати податотеки
  • {{Специјални:НовиСтраници/5}} – список на петте најново-создадени страници
  • {{Специјални:СкорешниПромени/5}} – петте најнови промени
  • {{Специјални:ПоврзаниПромени/Голем}} – скорешни промени на страниците што водат од „Голем“

Освен Специјални:ПоврзаниПромени, косата црта и зборот/бројот по неа може да се изостави, и со тоа да се добие список на страници без конкретна појдовна точка, или пак список со големина зададена по основно.

Страници поврзани со превметнување на МедијаВики[уреди извор]

Предлошки[уреди извор]

Поврзано[уреди извор]