Прејди на содржината

Википедија:Односи со јавноста/Соопштение за јавност од 29.04.2009

Од Википедија — слободната енциклопедија
Почитувани,
Ве известуваме дека Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 30.000 статии. Википедија претставува единствена on-line енциклопедија на македонски јазик достапна за корисниците ширум светот.
Википедија на македонски јазик има повеќе од 10.000 регистрирани корисници, тринаесет администратори и три бирократи, кои заедно со останатите нерегистрирани корисници работат на достапност на светското знаење на македонски јазик. Содржините се илустирани со мултимедијални содржини и се категоризирани по области, до истите може да се пристапи и преку деведесетина тематски портали. Опфатени се низа библиографски одредници на значајни личности, низа на географски одредници за државите, градовите и останатите населени места.
Според статистичките податоци за посетеноста на Википедија на македонски јазик за април 2008 година (http://wikistics.falsikon.de/latest/wikipedia/mk/, http://wikistics.falsikon.de/latest/), дневно просечно 112.182 страници на Википедија на македонски јазик се посетени од страна на читателите на Википедија.
Тековниот список според посетеноста на Википедија на јазиците на нашите соседни држави изгледа вака: 29-то место на бугарски јазик со 460.943 посети, 32-ро место на хрватски јазик со 385.034 посети, 35-то место на грчки со 356.446 посети, 42-ро на словенечки со 285.404, 47-мо на српски со 198.557, 60-то на македонски јазик со 112.182 посети, 62-ро на босански со 109.544 и на 80-то место на албански јазик со 65.896 посети дневно.
Според статистичките податоци на http://www.alexa.com/topsites/countries/MK за Македонија, Википедија на македонски јазик според посетеноста за месец април, 2009 година, е рангирана на виското 9-то место пред било која друга веб страна на електронските и печатените медиуми, владини или приватни институции.
Википедија е единствената слободна и бесплатна светска енциклопедија. Верзијата на англиски јазик брои повеќе од 2,8 милиони статии, 25 други јазични изданија имаат над 100.000 статии. Според бројот на статии Википедија на македонски јазик се наоѓа на 48-то место, од вкупно 266 јазични изданија на Википедија. Тековниот список според број на статии на Википедија на јазиците на нашите соседни држави изгеда вака: 31-во место на словенечки јазик, 32-ро на српски јазик, 33-то на бугарски, 36-то на хрватски, 44-то на грчки јазик, 52-ро на босански и 58-мо место на албански јазик.
Ги повикуваме сите оние кои се во потрага по одредени информации и сите останати љубители на знаењето кои користат Интернет да ја посетат Интернет страницата http://mk.wikipedia.org каде што можат да ги прошират своите знаења, а исто така и да помогнат во создавањето на една подобра енциклопедија со своето активно учество. Пристапот до содржините на Википедија е бесплатен и не е задолжителна било каква регистрација.
Со почит,
Тимот на Википедија на македонски јазик
Kiril Simeonovski (admin)