Википедија:Односи со јавноста/Промоција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Почитувани,
Во потрагата по информации кои на сите ни се потребни, свесни сме дека денес еден од најлесните начини е тоа да се направи на Интернет. Но, сѐ повеќе нештата стануваат помалку достапни, па веќе е реткост да добиете информација за која не треба да платите. Во 2001 е основана фондацијата Мета која има за цел да им овозможи на луѓето во светот да користат слободни содржини објавени на Интернет. Во рамките на Мета, дејствува фондацијата Викимедија, со проектите Википедија, Викикниги, Викицитати, Викивидови и Викуниверзитет, кои се достапшни на повеќе јазични изданија, а нив ги поврзува Заедничката ризница на мултимедијална содржина. муч а нив ги спојува Заедничката ризница
Википедија е слободна енциклопедија, достапна на 265 јазици во светот. Во моментов најголем број на статии има на англиски јазик, па потоа следуваат германски, француски, полски и така натаму. Википедија на руски јазик е на десеттот со над 350.00 статии, српското и словенечкото јазично издание се на 31-то, односно 32-то место со над 70.000, бугарското е со нешто помалку од 70.000 и е на 33-тото место, Википедија на хрватски јазик бр јануари ои над 50.000 статии, со што е на 37. место. Википедија на македонски јазик во моментот (28 јануари 2009) е на 54-то место со над 24.000 статии од сите области. Задоволни сме од постигнатиот успех и напредокот на листата на јазични изданија на Википедија, но свесни сме дека можеме многу повеќе. Како добар пример нека послужи фактот дека Википедија на Волапик јазикот има над 118.000 статии, а јазикот го зборуваат мал број на говорници во Германија. Пред нас на листата се и луксмембуршкото јазични издание и Википедија на Есперанто.
Википедија на македонски јазик забележа голем напредок во минатата 2008 и почетокот на 2009. Од нешто над 13.000 статии на почетокот на 2008, околу 20.000 на почетокот на ноември, до 24.000 статии колку достигнавме на почеттокот на февруари 2009. Содржината на Википедија е уредно категоризирана, а на располагање сеи околу 85 тематски портали со содржини од одредена област. Квалиетот и информативноста на статиите е во постојан подем, но знаеме дека сето ова е недоволно и мора напорно да работиме за да постигнеме уште поголем напредок.
За нејзиниот напредок пред сѐ се заслужни Интернет корисници кои секојдневно ја уредуваат и подобруваат. Таа е достапна за секого и секој може да ја уредува. Со секој придонес кон неа, се прави нешто повеќе за афирмација на македонскиот јазик и негов о подобро место во светот. Затоа, Ве повикуваме да го посетите веб сајтот http://mk.wikipedia.org, да го проширите своето знаење и да го дадете својот придонес во создавањето на една подобра енциклопедија, со многу повеќе содржини, кои ќе им бидат достапни на сите оние кои сакаат да се образуваат на македонски јазик. Се надевам дека активно ќе се вклучите и ќе придонесете нешто повеќе за македонскиот јазик да заземе што е можно поголемо место во светот.
Со почит,
Тимот на Википедија на македонски јазик
Kiril SImeonovski (admin)