Википедија:Макпортрет 2020

Од Википедија — слободната енциклопедија

Погледајте ги победничките фотографии на Макпортрет 2020!

Лого на МакПортрет
Добре дојдовте на
Макпортрет 2020
Македонија
од 15 октомври до 15 ноември 2020 година

Макпортрет 2020 — првото издание на фотографскиот натпревар Макпортрет организиран од страна на здружението Споделено знаење со цел обезбедување слободни фотографии од познати современи дејци од Македонија.

Целта на натпреварот?

Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од познати македонски личности, односно граѓани на Македонија, сликани од непосредна близина, со цел тие понатаму да бидат користени од документарен и информативен карактер.

Учесниците, односно натпреварувачите, како автори на фотографиите ќе треба да ги прикачуваат на Ризницата на Викимедија под слободна лиценца, за во иднина тие фотографии да бидат користени за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни проекти поврзани со Википедија.

Приказ на патот на една фотографија до Википедија, преку слободна лиценца на Ризницата
Награди!

Најуспешните учесници според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:

  • Прва награда – денарска противвредност во бруто-износ од 500 евра;
  • Втора награда – денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра;
  • Трета награда – денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра.
  • Четврта награда – денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра.
  • Петта награда – денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра.
  • Награда за најубава фотографија – денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра.
Како да учествувам?
  1. Внимателно прочитајте ги правилата за учество и изгледајте го видео-упатството;
  2. Направете квалитетни фотографии од документарен карактер од лица кои се занимаваат во полето на културата, науката, уметноста, музиката, спортот, телевизијата, политиката, медицината и др., или доколку веќе имате постоечка фотографија од личноста/личностите, потоа прикачете ги на Ризницата со слободна лиценца преку образецот за прикачување слики. Не заборавајте да ја дадете предлошката (погл. во правилата);
  3. Пријавете се за учество, наведувајќи ги Вашите информации преку формуларот за пријавување;
  4. Закачувајте слики на Ризницата од личностите наведени на списокот.

Правила за учество на натпреварот[уреди извор]

  1. Фотографијата мора да прикажува лица од Македонија кои се занимаваат во полето на културата, науката, уметноста, музиката, спортот, телевизијата, политиката, медицината и др. јасно фотографирани во анфас или профил од блиско растојание.
  2. Фотографиите треба да бидат во оригинална големина (без компресија) и не треба да содржат дигитален жиг или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
  3. Фотографиите мора да бидат подигнати на Заедничката ризница на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да поседува корисничка сметка на Заедничката ризница. (Отворање на корисничка сметка е можно да направите и на Википедија на македонски јазик при што со истата може да пристапите и на Заедничката Ризница)
  4. Секоја подигната фотографија мора да биде прикачена под лиценца за слободна документација: Криејтив Комонс Наведи извор 4.0.
  5. Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот: помеѓу 15 октомври 2020 во 00:00:00 часот и 15 ноември 2020 г. во 23:59:59 часот.
  6. Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник во натпреварот.
  7. Бројот на фотографии прикачени од еден автор е неограничен.
  8. Бодувањето ќе се врши во однос на тоа за колку различни личности закачил учесникот. Пример, доколку учесниот закачил пет слики од различни периоди на конкретната личност, ќе му се бодува како 1 бод.
  9. Минималниот услов за освојување награда е 20 различни личности.
  10. Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер.
  11. Фотографијата на лица од Македонија кои се занимаваат во полето на културата, науката, уметноста, музиката, спортот, телевизијата, политиката, медицината и др. може да биде направена било каде, во и надвор од територијата на Македонија.
  12. Секоја подигната слика мора да биде категоризирана во Category:MacPortrait Photo Contest.
  13. Сликите мора да имаат соодветен описен наслов. Задолжително е за сликите да се додаде опис на она што е сликано (пр. името на личноста, неговата дејност, постигнувањето)
  14. Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество преку пополнување на формуларот на оваа врска: Пријава за учество. Учесникот треба да го наведе неговото име и презиме, корисничкото име на Commons, како и е-пошта и телефонски број за контакт.