Википедија:Жените кои никогаш не сте ги сретнале

Од Википедија — слободната енциклопедија

Жените кои никогаш не сте ги сретнале
4 март - 9 април 2017

ВикиПроект
„Уредувачки натпревар“

Добредојдовте на уредувачкиот натпревар Жените кои никогаш не сте ги сретнале!

* Што?: Ова е уредувачки натпревар на тема жени. Натпреварот ќе се одржува во периодот од 4 март до 9 април 2017 година. Иницијативата е на групата Иберкооп, и ваков натпревар е организиран во 2015 и 2016 година, со успех од 1.700 нови статии. Во Македонија, организацијата ја презема здружението ГЛАМ Македонија.

Главните цели се:
  • Подобрување на содржината на Википедија поврзана со жените. Овде спаѓаат и сите женски организации, како и феминзмот.
  • Подобрување на квалитетот на Википедија преку вклучување на женскиот поглед. На Википедија постои полова нерамнотежа, што понекогаш доведува до доминација на уредниците од машкиот пол.
  • Некои насоки и препораки за тоа како да се надмине половата нерамнотежа, ќе најдете во делот: Препораки на организаторите.

*Кога?: Уредувачкиот натпревар ќе се одржува еден месец, од 00:01 4 март до 23:59 9 април 2017 година (CET UTC+01:00).
*Како?: Со создавање на нови статии или проширување на постоечките статии за жени или женски организации, се добиваат поени.
*Кој?: Сите заинтересирани за уредување на Википедија, кои имаат корисничка сметка.
*Зошто?: Натпреварот го организира групата Иберкооп, за целиот свет, со цел да се намали половата нерамноправност, а во Македонија организацијата ја презема здружението ГЛАМ Македонија.

Препораки на организаторите[уреди извор]

Правила[уреди извор]

  • Создајте или подобрете статија за жени, или женски организации.
  • Препораки за тоа како да се надмине половата нерамнотежа ќе најдете на оваа страница.
  • За Македонија, локалното жири ќе додели награда за најдобра статија и награда за најголем број уредувања, според меѓународно утврденото бодување.
  • Уредувачот со најголем број поени, влегува во конкуренција за меѓународна награда, која ја доделува меѓународно жири. Меѓународната награда е купон од Амазон во вредност од 100 американски долари.

Поени[уреди извор]

    • +2 поени за новосоздадена статија.
    • +1 поен на секои 1000 бајти
Примери
    • Ако сте прошириле постоечка статија со содржина од 3.600 бајти (вклучувајќи ги сликите, предлошките, наводите), добивате 3 поени.
    • Ако создадете нова статија со 4.000 бајти, добивате 6 поени: 2 поени за започнување на новата статија, и 4 поени заради големината на статијата.
    • За квалитетна статија (викифицирана), добивате +1 поен.

Награди[уреди извор]

  • Уредувачот со најголем број поени на македонскиот натпревар влегува во конкуренција за меѓународна награда, и добива награда вредносен купон од Анхоч, во против вредност од 10 евра.
  • Меѓународната награда е купон од Амазон во вредност од 100 американски долари.
  • Жири комисијата го задржува правото да додели и специјална награда како изненадување.

Жири комисија[уреди извор]

Членови на жири комисијата за македонскиот натпревар се:

Учесници[уреди извор]

Додајте го своето име во списокот

Резултати од натпреварот[уреди извор]

  • Marija Andevska - награда за најголем број поени (43)

Резултати од меѓународниот натпревар[уреди извор]