Прејди на содржината

Вие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Примери
Вие ја купивте оваа топка.
→ Јас сакам лично да го изразам моето задоволство бидејќи Вие ми помогнавте многу.

Вие е лична заменка за второ лице множина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означи група луѓе, која не го опфаќа говорникот[1]. Заменката „вие“ се користи и за персирање, односно учтиво општење со одредена личност и секогаш се пишува со голема буква во ваков контекст.

Лични заменки

[уреди | уреди извор]

Личната заменка „вие“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означат лицата кои го врши дејството и лицата за кого се однесува нешто. Останатите форми за второ лице множина може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите лични заменки во македонскиот јазик:

Лични заменки
број лице подмет присвојна заменка
и придавка
директен предмет индиректен предмет
без предлози со предлози
долга кратка долга кратка

присвојна

еднина I јас мој/ моја/ мое/ мои мене ме мене ми мене
II ти твој/ твоја/ твое/ твои тебе те тебе ти тебе
III м.р. тој негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
ж.р. таа нејзин/ нејзина/ нејзино/ нејзини неа ја нејзе ѝ неа
с.р. тоа негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
множина I ние наш/ наша/ наше/ наши нас нè нам ни нас
II вие ваш/ ваша/ ваше/ ваши вас ве вам ви вас
III тие нивен/ нивна/ нивно/ нивни нив ги ним им нив


Старословенската форма еквивалентна на македонската „вие“ е ''. Така, оваа македонска лична заменка е слична со останатите заменки за второ лице множина на останатите словенски јазици, спореди: vy на словачки и чешки, wy на полски и лужичкосрпски, vi на словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, вие на бугарски, вы на руски и белоруски и ви на украински.[2]

Македонската заменка „вие“ настанала од старословенската . Потсилувањето на старата едносложна заменска морфема била извршена со додадање на гласот 'е', сè со цел да се закрепи нивната изразеност.[3]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси како група, односно повеќе од едно лице без лицето кое зборува.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Речник на македонскиот јазик: вие на makedonski.gov.mk
  2. Лични заменки во словенските јазици, на англиски.
  3. Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 144