Вивакс

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вивакстрговско друштво за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук.

Организација и управување[уреди | уреди извор]

Претпријатието „Вивакс“ е организирано како друштво со ограничена одговорност (Доо). Седиштето на претпријатието се наоѓа во Скопје.[1]

Производство[уреди | уреди извор]

Во 2019 година, во „Вивакс“ работеле вкупно 100 вработени и според овој показател, ова претрпијатие било најголемо во македонската индустрија за преработка на овошје и зеленчук.[2]

Финансиски показатели[уреди | уреди извор]

Во 2019 година, „Вивакс“ остварил вкупен приход од 617 973 350 денари и мерено според овој показател, бил второто најголемо претпријатие во македонската индустрија за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук. Исто така, „Вивакс“ бил третото најголемото претрпијатие во оваа индустрија според остварената добивка, која во 2019 година изнесувала 42 870 709 денари.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 56.
  2. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 56.
  3. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 56.